Влијанието на социјалните мрежи врз појавата на анксиозност во рана адолесценција

Citation APA 7:
Трајковски, М. (2024). Влијанието на социјалните мрежи врз појавата на анксиозност во рана адолесценција [Необјавен магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Citation Harvard:
Трајковски, М. (2024) Влијанието на социјалните мрежи врз појавата на анксиозност во рана адолесценција. Необјавен магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

26.03.2025

Citation APA 7:
Трајковски, М. (2024). Влијанието на социјалните мрежи врз појавата на анксиозност во рана адолесценција [Необјавен магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Citation Harvard:
Трајковски, М. (2024) Влијанието на социјалните мрежи врз појавата на анксиозност во рана адолесценција. Необјавен магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Abstract

Социјалните медиуми и нивната присутност во современото модерно
живеење станаа неизоставен дел на секојдневието на модерниот човек.
Присутноста на социјалните мрежи е неизоставен дел од секојдневното
функционирање на припадниците на сите генерации, а границите од кои започнува
користењето на социјалните мрежи се сè пониски. Иако во голема мера ја
олеснуваат комуникацијата меѓу луѓето и овозможуваат бројни други придобивки
со кои се олеснува целокупното функционирање и пристапноста до информации во
денешницата, сепак, несоодветното и прекумерно користење на социјалните мрежи
исто така има и негативни страни. Особено негативни ефекти од претерано
користење на социјалните медиуми може да се забележи кај адолесцентната
популација која се соочува со бројни психосоцијални и развојни промени, па
неретко изложеноста на премногу информации кои ги примаат неселектирани,
необработени и неразбрани, може да предизвика анксиозност и други потешкотии.
Отуѓувањето од реалниот свет за сметка на негова замена со виртуелната
реалност, за жал, придонесува за намален развој на социјалните вештини и
непосредна врсничка интеракција, што пак, придонесува до зголемена појава на
анксиозност, депресија, несигурности и други ментални проблеми кај младите во
раст и развој на глобално ниво, па и кај нас. Во денешното секојдневие социјалните
медиуми имаат значајно влијание врз адолесцентите. Прекумерното и несоодветно
користење на социјалните медиуми може да доведе до анксиозност, депресија и
ниска самодоверба. Кај активните корисници на социјални мрежи се јавува
притисокот од споредување со други во однос на изгледот, достигнувањата, како и
страв од пропуштање на информации и настани. Прекумерното користење на
социјалните мрежи кај адолесцентите може да предизвика завистност што може да
влијае на нивните училишни обврски и социјализација. Соочувањето со негативни
коментари и онлајн врсничко насилство (Cyber bulling), кое неретко од социјалните
мрежи може да продолжи во реалноста и обратно, може да има сериозни последици
врз нивното ментално здравје.

Keywords:

социјални мрежи, рана адолесценција, анксиозност.