
Влијание на советувања од страна на стручна служба врз превенција на дигитално насилство
Citation APA 7:
Благојевиќ, И. (2025). Влијание на советувања од страна на стручна служба врз превенција на дигитално насилство [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].
Citation Harvard:
Благојевиќ, И. (2025) Влијание на советувања од страна на стручна служба врз превенција на дигитално насилство. Магистерски труд. Факултет за психологија, Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Влијание на советувања од страна на стручна служба врз превенција на дигитално насилство |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.01.2025 |
Citation APA 7:
Благојевиќ, И. (2025). Влијание на советувања од страна на стручна служба врз превенција на дигитално насилство [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].
Citation Harvard:
Благојевиќ, И. (2025) Влијание на советувања од страна на стручна служба врз превенција на дигитално насилство. Магистерски труд. Факултет за психологија, Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Abstract
Со развојот на технологијата и поголемата употреба на социјалните мрежи, доаѓа
до промена во начинот на животот на денешните млади. Младите сѐ почесто го
поминуваат своето слободно време на разни социјални мрежи на интернет. Како
резултат на сето тоа, често настануваат нови форми на врсничко насилство, наречено
кибербулинг (cyberbullying) кое станува сѐ почест проблем со кој се сретнуваат
младите, родителите и наставниците, кое на различни начини се манифестира на
животот кај младите, оставајќи социјални, физички, психолошки и други последици.
Ова насилство, кое е во раст посебно во последните години, има социјални, физички и
психолошки последици врз младите и е предизвик за учениците, родителите и
наставниците. Истражувањето со поставениот проблем го анализира дигиталното
влијание и влијанието на советувањата од стручната служба за негова превенција.
Конкретно, трудот се фокусира на испитувањето на застапеноста и зачестеноста на
дигиталното насилство помеѓу учениците, како и на ефикасноста на интервенциите и
советувањата од страна на стручната служба во училиштата. Крајна цел е да се
предложат мерки за превенција, насочени кон заштита на приватноста и безбедноста на
младите на интернет.
Во теоретскиот дел, трудот ги обработува концептите за дигитално насилство,
неговите најчести форми и последици, како и улогата и компетенциите на стручната
служба во училиштата. Истражувачкиот дел ги анализира податоците за влијанието на
советувањата и нивната ефикасност во превенцијата на дигиталното насилство. Во
последниот дел се презентирани резултатите од истражувањето и се предлагаат
стратегии за подобрување на превентивните мерки во училиштата
Keywords:
советувања, стручна служба, дигитално насилство, превенција,
анксиозност.
