
Поврзаноста помеѓу депресијата, анксиозноста и автоагресивното однесување кај адолесценти низ призмата на семејна-системска психотерапија
Citation APA 7:
Стојановска, А. (2022). Поврзаноста помеѓу депресијата, анксиозноста и автоагресивното однесување кај адолесценти низ призмата на семејна-системска психотерапија [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Стојановска, А., 2022. Поврзаноста помеѓу депресијата, анксиозноста и автоагресивното однесување кај адолесценти низ призмата на семејна-системска психотерапија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Свети Николе.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 04.07.2022 |
Citation APA 7:
Стојановска, А. (2022). Поврзаноста помеѓу депресијата, анксиозноста и автоагресивното однесување кај адолесценти низ призмата на семејна-системска психотерапија [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Стојановска, А., 2022. Поврзаноста помеѓу депресијата, анксиозноста и автоагресивното однесување кај адолесценти низ призмата на семејна-системска психотерапија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Свети Николе.
Abstract
Адолесценција е специфичен, често драматичен и еден од најзначајните периоди
во создавањето на човекот како био-психо-социјално битие. Тоа е преоден период
помеѓу детството и возрасното доба кое има карактеристики на двата периоди, па може
да се каже дека адолесцентите се некаде помеѓу, повеќе не се деца, а се уште не се ни
возрасни.
За да децата станат возрасни, зрели и самостојни луѓе неминовно е да поминат
низ цела низа на промени, пред се на физички, а потоа на интрапсихички и социјален
план.
Раниот адолесцентен период се карактеризира со зголемена сензитивност и
реактивност. Така, од една страна се развива чувство на љубов и пријателство, а од друга
страна наизменично се менуваат бурни емоционални реакции какви што се бесот,
лутината, бунтовноста, со периоди на срамежливост , повлекување и смирување.
Анксиозните, депресивните и агресивните чувства се позачестени во однос на детството.
Со тек на адолесцентниот развој, емоционалниот живот на адолесцентот станува
се поразновиден и побогат, постабилен и поинтегриран. Адолесцентот станува се
поспособен да ги контролира своите емоционални импулси и со нив полесно да
управува. Компетенцијата која се зголемува на повеќе полиња во животот го намалува
доживувањето на фрустрација, беспомошност и зависност. Емоционалното реагирање е
помалку каприциозно и ограничено на непосредниот момент, односно се зголемува
способност за одложување на реакцијата.
На адолесцентот му се отвараат некои нови можности за емоционална размена и
растоварување по пат на зголемена интроспективност, емпатија и способност за
споделување на своите доживувања со другите.
Проблемите со менталното здравје кај тинејџерите се почести отколку што
мислат луѓето – за среќа, повеќето од нив се лекуваат многу! Околу 10-20% од
тинејџерите на глобално ниво доживуваат ментални здравствени состојби, но многу од
нив остануваат недоволно дијагностицирани и третирани.
Нерешавањето на состојбите на менталното здравје на тинејџерите влијае на
подоцнежниот живот, им штети на физичкото и на менталното здравје и ги ограничува
можностите да водат исполнети животи како возрасни. Препознавањето на знаците на
проблеми со менталното здравје и преземањето чекори што се соодветни може да
донесат трајни позитивни промени.
Keywords:
депресија, анксиозност, адолесценти
