
лијанието на психолошкото советување на родителите врз развојот на способностите кај децата со первазивни развојни нарушувања
Citation APA 7:
Петрушев, Г. (2023). Влијанието на психолошкото советување на родителите врз развојот на способностите кај децата со первазивни развојни нарушувања [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Петрушев, Г., 2023. Влијанието на психолошкото советување на родителите врз развојот на способностите кај децата со первазивни развојни нарушувања. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 10.05.2023 |
Citation APA 7:
Петрушев, Г. (2023). Влијанието на психолошкото советување на родителите врз развојот на способностите кај децата со первазивни развојни нарушувања [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Петрушев, Г., 2023. Влијанието на психолошкото советување на родителите врз развојот на способностите кај децата со первазивни развојни нарушувања. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Вовед: Бројот на деца со первазивни развојни нарушувања е во постојан пораст,
односно секоја година сѐ повеќе семејства се соочуваат со предизвици во
одгледувањето на дете со первазивни развојни нарушувања. Психолошкото советување
на родителите кои имаат дете со первазивно развојно нарушување значително ја
олеснува нивната родителска улога, но влијае и врз подобрување на развојот на децата.
Низ литературата се посочува на потребата за вклучување на родителите во третманот
и интервенциите кои ги добиваат нивните деца од најрана возраст и нивното позитивно
влијание во развојот на способностите.
Цел: Целта на ова истражување е да се испита влијанието на советувањето на
родителите врз развојот на способностите на децата со первазивни развојни
нарушувања, влијанието на односот на родителите кон состојбата на детето преку
емоциите; довербата на родителите во способностите на детето; вклученоста на
родителите и детето во соодветни сервиси за поддршка и советување.
Методи: Во истражувањето е опфатен пригоден примерок на испитаници,
составен од една група на родители на деца со первазивни развојни нарушувања кои во
текот на третманот на нивните деца добивале психолошко советување (N=35) и група
на родители кои во текот на третманот не добивале психолошко советување (N=17).
Прибраните податоци беа внесени и обработени во Excel. Податоците во Excel беа
табеларно и графички обработени и истовремено беа користени соодветни аналитички
алатки за докажување на поставените хипотези, како што е t-тестот.
Резултати: Анализата и обработката на податоците покажа дека постои
статистички значајна разлика помеѓу постигнатите подобрувања во развојот на
способностите на децата со первазивни развојни нарушувања помеѓу групата на деца
чии родители посетувале психолошко советување и оние кои не посетувале
психолошко советување. Статистички значајната разлика е присутна по одделни
способности, како и врз целокупните развојни способности на децата со первазивни
развојни нарушувања. Односно добиените резултати ја потврдуваат поставената
хипотеза на истражувањето.
Заклучок: Од истражувањето може да се изведе заклучок дека психолошкото
советување на родителите, насочено кон нивното однесување и улога во
воспитувањето и поддршката на своето дете со некаков вид на первазивно развојно7
нарушување, значително влијае на подобрувањето на способностите кои тоа ги
стекнува со текот на развојот. Битно е и понатаму да се истражува и продлабочува оваа
тема на истражување за да се подигне нивото и квалитетот на психолошкото
советување на родителите.
Keywords:
первазивни развојни нарушувања, детски аутизам, психолошко
советување, развој на способности, семејство, ран третман
