
Анксиозноста и анксиозните растројства кај адолесцентите
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 23.05.2024 |
Abstract
Секој се справува со тешки ситуации и доживува анксиозност во одреден момент
од животот. Тоа претставува комбинација на вознемиреност, страв и возбуда одеднаш. Од
потење на нашите дланки, забрзани отчукувања на срцето, па дури и треперливо нервозно
чувство во стомакот. Сѐ што предизвикува страв може да доведе до чувство на анксиозност. Иако
можеби ова малку ќе ви звучи чудно, овие чувства можат да бидат предизвикани и од
добри искуства и од негативни, како што се прв состанок, интервју за работа или
присуство на погреб. Анксиозноста е сложена тема која е проучувана од многу научници и истражувачи
низ годините. Анксиозноста е вид ментално растројство кое се карактеризира со
прекумерна загриженост, страв и нервоза. Анксиозноста може да влијае врз луѓето од сите
возрасти, пол и потекло. Анксиозните растројства се психијатриски нарушувања кои се развиваат од голем
број сложени фактори, вклучувајќи ги генетиката, хемијата на мозокот и животните
настани. Анксиозните растројства се долготрајни и неконтролирани без третман. Луѓето со анксиозно растројство често доживуваат сериозни чувства на нервоза
или загриженост. Овие чувства може да се појават често и без очигледен стрес. Луѓето, исто така, може да искусат голем број изразени физички и ментални симптоми кои влијаат
врз нивната способност да функционираат.
Keywords:
: Деца, стрес, напади, однесување, избегнување, тешкотии, третман, родители.
