
Однесувањето на потрошувачите и современите техники за истражување на однесувањето на потрошувачите со примена на невромаркетингот
Citation APA 7:
Тодоровска, А. (2021). Однесувањето на потрошувачите и современите техники за истражување на однесувањето на потрошувачите со примена на невромаркетингот [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Тодоровска, А., 2021. Однесувањето на потрошувачите и современите техники за истражување на однесувањето на потрошувачите со примена на невромаркетингот. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions |
Citation APA 7:
Тодоровска, А. (2021). Однесувањето на потрошувачите и современите техники за истражување на однесувањето на потрошувачите со примена на невромаркетингот [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Тодоровска, А., 2021. Однесувањето на потрошувачите и современите техники за истражување на однесувањето на потрошувачите со примена на невромаркетингот. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.
Abstract
Невромаркетингот е поле на комерцијална маркетинг-комуникација, која се однесува на
невропсихологијата во маркетинг-истражувањето, проучувањето на потрошувачите и
нивните сензори, моторни, когнитивни и афективни одговори на маркетингстимулансите. Невромаркетингот се обидува да ја разбере причината за тоа како
потрошувачите донесуваат одлуки за купување и какви се нивните одговори на
маркетиншките стимули, со цел да ги применат тие учења во маркетинг-сферата.
Потенцијалните придобивки за пазарот вклучуваат поефикасни и поефективни
маркетинг-кампањи и стратегии, помалку пропусти на производите и кампањите, и во
крајна линија, манипулација со реалните потреби и желбите на луѓето да одговарат на
потребите и желбите на маркетинг-интересите.
Во магистерскиот труд со наслов „Однесувањето на потрошувачите и современите
техники за истражување на однесувањето на потрошувачите со примена на
невромаркетингот“, акцентот е ставен на човечкиот мозок, односно мозокот на
потрошувачите и е направен обид за да се овозможи детален увид во новиот
маркетиншки тренд, а тоа е невромаркетингот. Во трудот се изнесени основите на
невромаркетингот и се опишани техниките што се користат во истражувањето на
потрошувачите. Во него се наведени и анализирани неколку примери на
невромаркетиншки студии и со логично поврзување се изведени соодветни заклучоци
што можат да се користат во остварувањето на целите на истражувањето.
Keywords:
маркетинг, потрошувачи, однесување, невромаркетинг, односи со
потрошувачите, пропаганда, реклама, бренд.
