
Факторот ризик на работните места во производствените процеси со претежно женска работна сила
Citation APA 7:
Пуцакоски, Ј. (2025). Факторот ризик на работните места во производствените процеси со претежно женска работна сила [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Пуцакоски, Ј., 2025. Факторот ризик на работните места во производствените процеси со претежно женска работна сила. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Факторот ризик на работните места во производствените процеси со претежно женска работна сила |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
| Divisions | |
| Date Deposited | 25.11.2025 |
Citation APA 7:
Пуцакоски, Ј. (2025). Факторот ризик на работните места во производствените процеси со претежно женска работна сила [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Пуцакоски, Ј., 2025. Факторот ризик на работните места во производствените процеси со претежно женска работна сила. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Заштитата на здравјето и безбедноста при работа припаѓа на
мултидисциплинарна област која, покрај проучување на техничките фактори и
карактеристики на работната средина, се стреми и кон развој на нивото на свест на
вработените и зголемување на одговорноста на сите субјекти во областа на безбедноста
при работа. Изминатите децении беа карактеризирани со постојано тестирање и
идентификување на методи и мерки со цел подобрување на условите за работа. Во овој
поглед, целта поставена во овој магистерски труд е формирање на модел на безбедност
и дефинирање на фактори на ризик на работните места, поточно производствени
процеси со претежно женска работна сила. Почнувајќи од анализата на претходни
истражувања во областа на безбедноста при работа, преку практична анализа за
карактеристични фактори на влијание на работната средина, позициите на кои се
наоѓаат, се утврдени вработени жени во работниот процес кои се изложени на штетните
ефекти од работната средина и каде што тие се наоѓаат, здравјето им е најмногу
изложено на ризик. Врз основа на анализираните податоци во понатамошниот тек на
истражувањето беа утврдени и најзначајните фактори на влијание врз безбедноста при
работа, со примена на методи и повеќе критериуми. Истражувањето во овој труд
резултираше со идентификување на највлијателните фактори на ризик на работните
места, кои можат да имаат директно или индиректно влијание врз индикаторите за
безбедност на вработените. Од анализата на ставовите на вработените во системот за
управување со здравјето и безбедноста при работа, беа утврдени влијателните фактори
на климата на безбедност што може да се користат за проценка на состојбата на
безбедноста при работа во производството организации со претежно женска работна
сила.
Keywords:
безбедност при работа, работна средина, посветеност на менаџментот, менаџмент на човечки ресурси, женска работна сила.
