
Здравствената грижа и синдромот на професионално согорување кај здравствени работници во Р. Северна Македонија и Р. Бугарија
Citation APA 7:
Донев, М. (2019). Здравствената грижа и синдромот на професионално согорување кај здравствени работници во Р. Северна Македонија и Р. Бугарија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Донев, М., 2019. Здравствената грижа и синдромот на професионално согорување кај здравствени работници во Р. Северна Македонија и Р. Бугарија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 17.07.2020 |
Citation APA 7:
Донев, М. (2019). Здравствената грижа и синдромот на професионално согорување кај здравствени работници во Р. Северна Македонија и Р. Бугарија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Донев, М., 2019. Здравствената грижа и синдромот на професионално согорување кај здравствени работници во Р. Северна Македонија и Р. Бугарија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Секое време носи свои болести и симптоми“
Живееме во време на забрзан технолошки и научен развој што доведува до
забрзано темпо на живот, секојдневни предизвици, чести промени во
професионалната дејност кога професионалните барања и обврски треба да ги
усогласиме со индивидуалните амбиции,дополнително и со семејните обврски.
Време во кое материјалните придобивки се ставени на пиедестал, поставување
на различни и многубројни цели, трка со времето за остварување на тие цели,
кога обврските и одговорностите стануваат побројни, а слободно време за
одржување на социјални контакти и блиска емотивна врска сè помалку има. Во
таа тенденција неосетно се случуваат суштински промени кај личноста како на
личен и професионален план така и во меѓучовечките односи, пропратени со
појава на анксиозност, страв, неизвесност, стрес како и до посериозни
психосоматски нарушувања. Како личноста ке се справи со тие промени зависи
од нејзиниот адаптивен капацитет, стратегиите и механизмите за справување со
стресот и решавање на проблемите.
Современиот начин на живот го носи и проблемот на современото општество
или болеста на 21-от век – Синдромот на професионално согорување т.е. Burnout
синдром.Синдромот на професионално согорување добива димензии на
епидемија во современото општество, а судејќи по бројот на истражувања
спроведени во голем број на земји со различни општестевни системи и степен
на развој, овој проблем добива глобална димензија. Колку е алармантен овој
проблем говори и фактот што во новата 21-ва ревизија на меѓународната
класификација на болестите во рамките на Светската Здравствена Организација
(СЗО) во мај годинава, Синдромот на професионално согорување доби свој код
во класификацијата –QD85 каде е опишан како хроничен стрес во работната
средина кој не бил совладан успешно и е претставен како состојба со
симптоми на исцрпеност, намалена енергија, зголемена ментална дистанца од
работата или чувство на негативизам или цинизам во врска со работата и
намалена професионална или работна ефикасност
Keywords:
здравстени работници, здравствена грижа, синдром на професионално согорување.
