Зависност и последици од дигиталниот свет врз развојот на децата и врз нивната иднина

Citation APA 7:
Василева, Н. (2020). Зависност и последици од дигиталниот свет врз развојот на децата и врз нивната иднина [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Василева, Н., 2020. Зависност и последици од дигиталниот свет врз развојот на децата и врз нивната иднина. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

03.03.2021

Citation APA 7:
Василева, Н. (2020). Зависност и последици од дигиталниот свет врз развојот на децата и врз нивната иднина [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Василева, Н., 2020. Зависност и последици од дигиталниот свет врз развојот на децата и врз нивната иднина. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

При определувањето на појавата која ќе ја истражуваме, поаѓаме од моментот на барање
на одговор на одредени клучни прашања кои лично ги доживуваме. Значи за да започнеме со
истражување на конкретната појава започнуваме од себе, барајќи решение за сопствените
потреби и проблеми, од личното искуство, поткрепено со научни сознанија. Мотивот за да се
насочиме кон истражување на оваа појава е пред сè од личниот интерес. Се работи за
магистерски труд, во којшто тежината на истражувањето паѓа на авторот на трудот, во соработка
со менторот на истиот, којшто во случај на пообемни истражувања би бил релевантен субјект за
прибирање и анализа на податоци кои се карактеристични за одредена појава.
Овој труд има за цел да ја разгледа проблематиката поврзана со дигиталниот свет. Дали
децата се зависни од интернетот и какво влијание има иститот врз растот и развој, и нивната
иднина? Трудот се повикува на современи научни истражувања во светот кои укажуваат на
релевантноста на проблемот, и решенија за иститот. Целта на овој магистерски труд е токму
отстранување на најголемиот број на дилеми и нејаснотии поврзани со оваа појава, како по
општата состојба на личноста, така и по самото општество во целина. Мотивираноста од увидот
на реалните состојби кај нас, доведе до тоа да се почне со скенирање на оваа појава.
Еден од основните чекори е добивање информации од испитаниците кои се инволвирани
во овој труд, сублимација на истите за постигнување на крајните очекувани резултати и
презентација. Понатаму ќе се разгледува влијанието на интернетот, како и последиците од тоа
влијание на когнитивниот и на академскиот развој на идните генерации кои сега растат со
интернет од својата прва година.

Keywords:

деца, зависност, последици, интернет, социјални мрежи, дигитален