
Застапеноста на депресијата и анксиозноста кај затворениците во КПУ Штип и нивното влијание врз повторувањето на кривичните дела
Citation APA 7:
Вуковиќ, Б. (2022). Застапеноста на депресијата и анксиозноста кај затворениците во КПУ Штип и нивното влијание врз повторувањето на кривичните дела [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Citation Harvard:
Вуковиќ, Б., 2022. Застапеноста на депресијата и анксиозноста кај затворениците во КПУ Штип и нивното влијание врз повторувањето на кривичните дела. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 14.09.2022 |
Citation APA 7:
Вуковиќ, Б. (2022). Застапеноста на депресијата и анксиозноста кај затворениците во КПУ Штип и нивното влијание врз повторувањето на кривичните дела [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Citation Harvard:
Вуковиќ, Б., 2022. Застапеноста на депресијата и анксиозноста кај затворениците во КПУ Штип и нивното влијание врз повторувањето на кривичните дела. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Оваа магистерска работа би ја започнала со цитирање на член 1, од
Универзалната декларација за човекови права на Обединетите Нации, усвоена
во Париз 1948 година, кој вели:
„Сите човечки суштества се родени слободни и еднакви во нивните права.
Обдарени со разум и совест и упатени да се однесуваат еден кон друг во
братски дух“
⃰
.
Доколку ова не е случај, Декларацијата, понатаму вели дека овие права ќе бидат
„заштитени со владеењето на правото.“
⃰
Што се случува кога ова основно човеково право ќе биде ограничено и ќе се
изрече повеќегодишна затворска казна? Депресијата и анксиозноста се состојби
кои се многу експлоатирани во денешно време, и за кои е многу пишувано до
сега, меѓутоа сепак во делот на затворската популација не се спроведувани
многу истражувања во нашата земја на таа тема. Оваа магистерска работа ќе ја
истражува застапеноста на депресијата и анксиозноста во рамките на една од
казнено поправните установи во Република Северна Македонија – КПУ Штип, и
дали постои поврзаност на овие состојби со повторувањето на кривичните дела.
Истражувачката работа би требало да одговори и на прашањата дали состојбата
на претходни психички проблеми се влошува, не се менува или пак се
подобрува по затворањето. Во која мера влијае должината на изречената казна
на ризикот од депресија и анксиозност. И конечно, кај повратниците, дали
депресијата и анксиозноста која настанала во затворот продолжува и по
излегувањето на слобода.
Keywords:
слобода, затвор, престапници, одговорност, консеквенци,
кривичен прогон, ментално здравје, депресија, анксиозност
