Заштита и здравје при работа на вработените во јавната администрација на република северна македонија – примена и предизвици

Ликоски,Ф., 2025, Заштита и здравје при работа на вработените во јавната администрација на република северна македонија – примена и предизвици

Abstract

Клучни аспекти на истражувањето се безбедноста и здравјето на работното место, правната регулатива за безбедност при работа, управување со човечките ресурси, меѓународните стандарди за безбедност при работа и улогата на јавната администрација во имплементација на мерките за безбедност и здравје на работното место.
Со оглед на фактот дека безбедноста и здравјето на работното место се доста сложена и комплексна проблематика и мултидисциплинарна област, при истражување, првично потребно е да се направи концизна рамка и методологија. Консеквентно, методологијата мора да ги сублимира националната институционалната рамка, меѓународните прописи, работодавачите и граѓанскиот сектор.
Иако оваа проблематика во Република Северна Македонија не е доволно експлоатирана и не е целосно застапена во секојдневното функционирање на организациите, таа е големо значење за пошироката јавност и корпоративниот сектор, давајќи значаен придонес во развојот на оваа научна област, а од друга страна и поттик за поширока имплементација на мерките за безбедност и здравје на работното место. Предмет на истражување на овој магистерски труд се организацискиот и економскиот аспект, вклучувајќи ги и правниот и социолошкиот.
Исто така, во трудот е ставен акцент и на безбедноста и здравјето на работното место во јавната администрација на РСМ, базирајќи се на теоретскиот развој и појмовното определување на проблематиката.