
Врската помеѓу чувството на осаменост, социјалната анксиозност и агресивното однесување кај адолесцентите и возрасните
Тачи, А., 2024, Врската помеѓу чувството на осаменост, социјалната анксиозност и агресивното однесување кај адолесцентите и возрасните
Abstract
Чувството на осаменост често се карактеризира како непријатна, болна, анксиозна желба за друго лице или други лица и претставува сложен феномен и универзално човечко искуство кое во помала или поголема мера, го доживуваат сите луѓе во некој одреден период во животот. Од друга страна, социјалната анксиозност, најчесто се дефинира како облик на анксиозност која настанува од реалната присутност или од очекувањата на социјалната евалуација во вистински или замислени социјални ситуации. Што се однесува до агресивното однесување, истото се дефинира како намера да се предизвика штета или акт кој има за цел да ја зголеми релативната социјална доминација.
Во магистерскиот труд, целта е да се одговори на прашањето: “Дали постои поврзаност помеѓу чувството на осаменост, социјалната анксиозност и агресивното однесување кај адолецентните и кај возрасните”. Истражувањето е спроведено на 116 испитаници на возраст помеѓу 16 и 50 години. За мерење на чувството на осаменост е користен инструментот „UCLA Loneliness Scale“, агресивното однесување е мерено со прашалникот „Buss-Perry Aggression Questionnaire“ и социјалната анксиозност е мерена со прашалникот „Liebowitz Social Anxiety Scale“.
Тестирајќи ги поставените хипотези, резултатите и наодите укажуваат на тоа дека адолесцентите се поанксиозни од возрасните, односно се дојде до наодот дека постои статистички значајна разлика меѓу адолесцентите и испитаниците кои припаѓаат на возрасниот период , со тоа што адолесцентите се значајно поанксиозни од возрасните (t=3.46, p>.05), се покажа дека не постои статистички значајна разлика меѓу адолесцентите и возрасните во поглед на агресивноста (t=.03, p>.05), како и дека постои статистички значајна разлика меѓу адолесцентите и испитаниците кои се повозрасни, при тоа имајќи предвид дека адолесцентите се поосамени од возрасните испитаници (t=2.05, p>.05).
Клучни зборови: чувство на осаменост, социјална анксиозност, агресивно однесување, адолесценти, возрасни
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 29.4.2024 |
| Last Modified | 29.4.2024 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
