
Врската меѓу социјалната анксиозност и психосоматските симптоми кај млади возрасни
Citation APA 7:
Тодорова, М. (2025). Врската меѓу социјалната анксиозност и психосоматските симптоми кај млади возрасни [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Тодорова, М., 2025. Врската меѓу социјалната анксиозност и психосоматските симптоми кај млади возрасни. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Врската меѓу социјалната анксиозност и психосоматските симптоми кај млади возрасни |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 09.07.2025 |
Citation APA 7:
Тодорова, М. (2025). Врската меѓу социјалната анксиозност и психосоматските симптоми кај млади возрасни [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Тодорова, М., 2025. Врската меѓу социјалната анксиозност и психосоматските симптоми кај млади возрасни. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
За добар и квалитетен живот, менталното здравје има важна улога кај секој млад
возрасен човек, а анксиозноста е едно од најраспространетите ментални нарушувања
кај оваа популација. Овој труд започнува со општ преглед на анксиозноста како
ментално нарушување, со цел да се постави основа за подлабоко истражување на
специфичноста на социјалната анксиозност кај младите возрасни лица и понатаму
нејзината поврзаност со развој на психосоматски симптоми.
Фокусот на истражувањето се причините, симптомите и влијанијата на
социјалната анксиозност – состојба која се јавува како одговор на социјални ситуации.
Луѓето кои се соочуваат со состојба на социјална анксиозност се чувствуваат
анксиозни затоа што ја преценуваат опасноста или заканата на социјалната ситуација.
Таа особено може да го наруши квалитетот на животот преку постојан страв,
непријатност и избегнување на социјални ситуации. Социјалната анксиозност ја
поврзуваме со ниска самодоверба и негативни мисли, а е проследена со чести
психосоматски симптоми, најчесто главоболки, напнатост во телото и дигестивни
нарушувања.
Трудот опфаќа теоретски преглед на социјалната анксиозност, анализирајќи ги
главните причинители и основни карактеристики, како и нејзината поврзаност со
психосоматските симптоми, а пак завршниот и клучен дел од трудот е истражувањето
на врската помеѓу социјалната анксиозност и појавата на психосоматски симптоми.
Истражувањето е спроведено кај популација на млади возрасни од 18 до 30 години.
Keywords:
ментално здравје, анксиозност, социјална анксиозност, млади
возрасни, влијание на анксиозноста, психосоматски симптоми, негативни мисли,
безбедносни однесувања, механизми за справување, фактори на ризик.
