
Влијанието на возраста на родителите врз типот на релации со децата во семејството
Тренчевска,Т., 2025, Влијанието на возраста на родителите врз типот на релации со децата во семејството
Abstract
Многу истражувачи го истражувале обликувањето на односите родител – дете, согласно возраста на родителите, особено во услови на променливи општествени норми и разновидни семејни структури кои носат различни влијанија врз семејната динамика, што беше инспирација и да се пишува на оваа тема. Имено, предмет на ова истражување беше испитувањето на улогата на возраста на родителите во квалитетот на односите со нивните деца, преку три клучни аспекти: емоционална блискост, фреквенција на конфликти и зависност на детето од родителот. Истражувањето беше спроведено на примерок од 114 родители од Северна Македонија, при што беа користени стандардизиран инструмент за мерење на наведените аспекти, односно беше користена „Скалата за односи меѓу родител – дете (CPRS)“, развиена од Pianta. Податоците беа аналаизирани во SPSS верзија 26. Резултатите покажаа дека возраста на родителите нема значајно влијание врз степенот на конфликтите и зависноста на детето, додека кај емоционалната блискост беа забележани извесни разлики, поконкретно најмладите родители пријавија пониско ниво на блискост во споредба со некои повозрасни родители. Дополнително, се потврдија значајни врски меѓу блискоста и зависноста на детето, како и негативна корелација меѓу зависноста и нивото на конфликти. Заклучоците упатуваат на тоа дека демографските фактори – возраст, пол, образование и средина на живеење имаат ограничено објаснувачко значење, и не можат да се сметаат за предиктори за квалитетот на односот родител – дете, додека квалитетот на интеракциите, емоционалната поддршка и стиловите на воспитување имаат важна улога. Главните препораки се насочени кон креирање програми и политики за зајакнување на родителските компетенции, особено кај младите родители, со цел подобрување на семејната динамика и емоционалната добросостојба на децата.
Клучни зборови: однос родител – дете, блискост, конфликт, зависност.
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 18.2.2026 12:30 |
| Last Modified | 18.2.2026 12:30 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
