Влијанието на условите и воспитните стилови во семејството врз агресивноста кај учениците

Citation APA 7:
Стаменковска, Р. (2021). Влијанието на условите и воспитните стилови во семејството врз агресивноста кај учениците [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Стаменковска, Р., 2021. Влијанието на условите и воспитните стилови во семејството врз агресивноста кај учениците. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

22.06.2021

Citation APA 7:
Стаменковска, Р. (2021). Влијанието на условите и воспитните стилови во семејството врз агресивноста кај учениците [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Стаменковска, Р., 2021. Влијанието на условите и воспитните стилови во семејството врз агресивноста кај учениците. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Семејството е незаменлива средина во која човекот се формира како личност, во
која живее задоволувајќи некои од своите најважни потреби. Тоа е специфична
биосоцијална заедница од луѓе, која има мошне значајна улога во развојот на секој
поединец, но не само на поединецот, туку и на целокупното општество.
„Семејството е едно од ремек-делата на природата“ – Џорџ Сантајана
Во однос на претходните општествени и историски периоди, денес современото
семејство поминува низ криза на сопствената перспектива. Облици на оваа криза се:
економската криза, зголемениот број на разводи, слабеење на интересот за брак и
семејство, пораст на насилство во семејството, трагање по нови облици за брак и
семејство, усвојување на граѓански стил на живот – „да се биде сам“.
Семејството како основна клетка на првите педагошки импулси, заедно со силните
емоционални врски помеѓу родителите и децата, е значаен фактор во развојот на младата
личност. Во самото семејство се одвива почетната фаза од социјализацијата, па и поради
тоа е толку важно.
Во услови на опаѓање на нивото на семејната сигурност, се создава негативен
контекст за развој и функционирање на образовните установи, како и воспитните
вредности. Посебно внимание се посветува на аспектите на депопулација, опаѓање на
економската моќ на семејството, несоодветни услови на домување, пораст на насилството
во образовните установи, пад на мотивацијата за вредност на училишното знаење…
„Семејството не го сочинуваат само оние со кои сме во крвно сродство. Го сочинуваат и
оние кои нѐ држат за рака тогаш кога тоа ни е најпотребно.“ – Непознат автор

Keywords:

семејство, ученици, воспитни стилови.