Влијанието на социјалните мрежи врз маркетинг стратегиите

Citation APA 7:
Гичевска, М. (2024). Влијанието на социјалните мрежи врз маркетинг стратегиите [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.

Citation Harvard:
Гичевска, М., 2024. Влијанието на социјалните мрежи врз маркетинг стратегиите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Citation APA 7:
Гичевска, М. (2024). Влијанието на социјалните мрежи врз маркетинг стратегиите [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.

Citation Harvard:
Гичевска, М., 2024. Влијанието на социјалните мрежи врз маркетинг стратегиите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.

Abstract

Директниот маркетинг претставува маркетинг кој се спроведува преку
активности со кои на медиумите им се овозможува директна интеракција со
потрошувачите. Со помош на директниот маркетинг медиумите стимулираат
модификации во однесувањето на потрошувачите на начин кој овозможува следење и
анализирање на модификациите. Преку директниот маркетинг се креира база на
податоци за потрошувачите која служи како извор за креирање на маркетинг политики
со кои се градат трајни врски со потрошувачите.
Современите форми на директен маркетинг како личната продажба,
телемаркетингот, директната ТВ продажба и онлајн маркетингот секако треба да се
надополнат со социјалните медиуми или маркетинг преку социјалните медиуми. Тие
се новата реалност во 21 век, која влијае врз многу аспекти на општественото
живеење, каде што маркетингот и маркетинг комуникациите не се исклучок. Како
релативно нов феномен, социјалните медиуми не се доволно истражени, ниту пак
постојат длабоки научни анализи со кои може да се дефинираат и тесно прецизираат
нивните намени, развојни фази и идни трендови, но едно е сигурно – тие постојат во
интернет просторот и во општеството. Новите генерации растат со нив, а
возрасните ги прифаќаат како и останатите производи на дигиталната револуција.
Социјалните медиуми го менуваат начинот на кој луѓето комуницираат,
поставуваат нови правила на однесување, како виртуелно, така и во реалноста, што
има импликации во секоја област од живеењето, од начинот на кој луѓето се
информираат за секојдневието, до образовните процеси, преку формирање на
мислење и донесување на одлуки во животот.
Оттука, важно е да им се посвети внимание, да почне нивното анализирање и
да се утврдат ефектите кои тие ги имаат во модерното општествено живеење, а од
наша гледна точка, да се увидат ефектите кои тие ги имаат во деловниот свет, поточно
на директниот маркетинг како модел за поврзување на потрошувачите и компаниите.

Keywords:

директен маркетинг, онлајн маркетинг, социјални медиуми,
потрошувачи, компании, маркетинг комуникација, маркетинг преку социјалните
медиуми, традиционални медиуми