
Влијанието на религијата врз менталното здравје и квалитетот на животот кај адолесцентите
Citation APA 7:
Методиева, В. (2023). Влијанието на религијата врз менталното здравје и квалитетот на животот кај адолесцентите [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Методиева, В., 2023. Влијанието на религијата врз менталното здравје и квалитетот на животот кај адолесцентите. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Влијанието на религијата врз менталното здравје и квалитетот на животот кај адолесцентите |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 09.05.2023 |
Citation APA 7:
Методиева, В. (2023). Влијанието на религијата врз менталното здравје и квалитетот на животот кај адолесцентите [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Методиева, В., 2023. Влијанието на религијата врз менталното здравје и квалитетот на животот кај адолесцентите. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Целта на ова истражување е да се истражи како религијата влијае врз развивањето
на емоциите и нејзиното влијание врз регулација на емоционалната состојба на човекот.
Со адекватната употреба на методолошкиот пристап, ќе можат да се добијат податоци за
предметот на истражување, појавите, процесите, ставовите и заклучоците, кои се
решавачки за исполнување на целта на овој труд.
Примерокот се состоеше од една групa испитаници (вкупно 75), кои се ученици во
основно и средно образование, адолесценти, а од нив 53 се од женски пол и 22 од машки
пол, на возраст од 13 до 19 години.
Најважните резултати од ова истражување се однесуваат на податоците во однос на
влијанието на религијата врз менталното здравје и квалитетот на животот кај
адолесцентите. Во ова истражување се обидовме да испитаме дали адолесцентите кои се
религиозни полесно го формираат својот морален идентитет, за разлика од оние кои не се
религиозни. Од вака поставениот проблем произлегоа и целите, кои се однесуваа на тоа да
се утврди поврзаноста или неповрзаноста на религијата врз моралните вредности на
адолесцентот; да се намали недоличното однесување кај адолесцентите со помош на
моралните вредности; да се намали степенот на депресија кај адолесцентите преку
самоспознавање и пронаоѓање на смислата на постоењето; како и да се унапреди
менталното здравје кај адолесцентите, во смисла на поквалитетен и поисполнет живот со
превенција на штетните и деструктивни навики, како што се: пушењето, пиењето алкохол
и употребата на наркотични средства кои би можеле да доведат до вознемирувачко
искуство (анксиозност).
Во ова истражување не е откриена висока статистички значајна поврзаност на
религијата со менталното здравје и квалитетот на животот кај адолесцентите, иако може
да се каже дека адолесцентите кои се религиозни полесно го формираат својот морален
идентитет од тие кои не се религиозни
Keywords:
адолесцентни, религија, ментално здравје, квалитет на живот.
