
Влијанието на промоцијата врз продажба на производите
Citation APA 7:
Ужевски, Б. (2021). Влијанието на промоцијата врз продажба на производите [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Ужевски, Б., 2021. Влијанието на промоцијата врз продажба на производите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 17.09.2021 |
Citation APA 7:
Ужевски, Б. (2021). Влијанието на промоцијата врз продажба на производите [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Ужевски, Б., 2021. Влијанието на промоцијата врз продажба на производите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Денес е едно време на турбулентно бизнис опкружување, како и силна
конкуренција, воедно и се попребирливи купувачи кои го сакаат најдоброто за
своите пари. Во вакви услови, маркетингот не е луксуз, туку неопходна алатка за
да се постигне највисок обем на продажба и задоволителни финансиски
резултати. При пласманот на своите производи на пазарот, компаниите мора да
креираат успешна комбинација на квалитетен производ, со прифатлива цена,
претставен на вистинско место. Имајќи во предвид дека производот минува низ
голем број фази(од формирањето на идејата, преку испитување на идејата,
изготвување на физибилити студија, инвестиција во капитални добра и самата
реализација на производниот процес), најпрво е неопходно да се направи
квалитетно маркетинг истражување за потребите на пазарот, потоа откако ќе се
донесе одлуката за инвестирање, неопходна е активна промоција кај
потенцијалните инвеститори(за да се обезбедат средства за реализација на
инвестицијата), кај локалните власти(да се обезбедат потребните дозволи и
решенија за локацијата на приозводните капацитети), кај пошироката локална
јавност (за да се обезбеди квалификувана работна сила) и кај сите потенцијални
купувачи на производот(Димитрова, J.,Aндоновски, M).
Промоцијата треба да постои уште пред започнување на бизнисот како и
пред завршување со развој на производот и/или услугата. Промоцијата ги
претставува сите комуникациски и оперативни активности кој имаат за цел
информирање, презентација и зголемување на продажбата со што би се
остварило позитивно мислење за производите. Постојат бројни начини за
привлекување на клиенти преку директен маркетинг, а некои од нив се: директна
продажба, директна пошта, каталог маркетинг, телемаркетинг, телевизија, on-line
маркетинг итн (Димитрова, J.,Aндоновски, M).
Keywords:
производство, промоција, производи, почеток на бизнис
