Влијанието на практиките на управување со човечки ресурси врз работните перформанси на здравствените работници

Citation APA 7:
Тодоровска, И. (2020). Влијанието на практиките на управување со човечки ресурси врз работните перформанси на здравствените работници [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Тодоровска, И., 2020. Влијанието на практиките на управување со човечки ресурси врз работните перформанси на здравствените работници. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

26.12.2020

Citation APA 7:
Тодоровска, И. (2020). Влијанието на практиките на управување со човечки ресурси врз работните перформанси на здравствените работници [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Тодоровска, И., 2020. Влијанието на практиките на управување со човечки ресурси врз работните перформанси на здравствените работници. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.

Abstract

Организациите од различни сектори, вклучувајќи го и здравствениот,
применуваат различни практики на управување со човечките ресурси со цел да ја
зголемат нивната успешност. Меѓу најчесто применуваните практики се вбројуваат:
анализа на работата, планирањето на човечките ресурси, регрутирањето и селекцијата,
обуката и развојот, наградувањето, оценувањето на перформансите, распоредувањето и
мотивацијата. Ова се, всушност, примарни практики на управување со човечките
ресурси, од чиешто успешно имплементирање зависи способноста на здравствените
работници да работат ефективно и ефикасно, т.е. да имаат супериорни работни
перформанси за да би обезбедиле подобрена и квалитетна грижа во здравствените
системи.
Целта на ова истражување е да го утврди влијанието на регрутирањето и
селекцијата, обуката и развојот, распоредувањето и мотивацијата, како практики на
управување со човечките ресурси, врз работните перформанси на здравствените
работници во нашата земја. Примерокот го сочинуваат 160 здравствени работници (80
лекари и 80 медицински сестри), од двата пола, на возраст од 30 до 50 години, со
работен стаж не помал од 5 години во здравствениот сектор. За собирање на
податоците се користени: Прашалник за практики на управување со човечки ресурси и
Прашалник за работни перформанси, адаптирани на наша популација.
Резултатите покажаа статистички значајни разлики во перцепцијата на степенот
на примена на испитуваните практики на управување со човечки ресурси од страна и
на лекарите и на медицинските сестри, кои манифестираат различно ниво на работни
перформанси. Исто така, добиените резултати покажаа и статистички значајна
позитивна поврзаност помеѓу степенот на примена на регрутирањето и селекцијата,
обуката и развојот, распоредувањето и мотивацијата, од една страна, и работните
перформанси на здравствените работници, од друга страна. Вака добиените резултати
се во согласност со резултатите на другите истражувања наведени во стручната
литература.

Keywords:

практики на управување со човечки ресурси, работни перформанси,
лекари, медицински сестри