Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз менталното здравје на населението во Куманово

Citation APA 7:
Стојановски, Д. (2021). Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз менталното здравје на населението во Куманово [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стојановски, Д. (2021) Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз менталното здравје на населението во Куманово. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

22.06.2021

Citation APA 7:
Стојановски, Д. (2021). Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз менталното здравје на населението во Куманово [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стојановски, Д. (2021) Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз менталното здравје на населението во Куманово. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Денес целиот свет е во очајничка борба против таинствениот непријател на
здравјето и животот на луѓето – вирусот Ковид-19, за што поуспешно справување со
пандемијата и заштитата на здравјето и животите на луѓето, како и за спасување на
економиите и на егзистенцијата на светското население.
Според светската здравствена организација водечки здравствен и социоекономски
проблем во светот и во земјите на европскиот регион, се незаразните заболувања, односно
исхемичните срцеви заболувања, цереброваскуларните, менталните, малигните,
сообраќајните несреќи и други. Во светот 450 милиони луѓе постојано страдаат од
ментални и невролошки растројства, а 1.5 милјарди луѓе, од кои три четвртини живеат во
земјите во развој страдаат од едно или повеќе невропсихијатриски заболувања. Во 2020
година се очекува процентот на менталните заболувања да се зголеми до 50% (СЗО,
Извештај на СЗО 2001). Според пресметките на СЗО засновани на DALY (Disability
Adjusted Life Years) или корегирани години на живот во однос на неспособност односно
губење на работни денови или години на продуктивен живот по една особа, постојат три
главни психијатриски заболувања: депресија, биполарно заболување и шизофренија кои
сочинуваат 9,5% од вкупната оптеретеност со болест и онеспособеност. Светската
здравствена организација предвидува дека депресијата ќе стане втора по ред на листата на
водечките болести во светски рамки.
Менталното здравје подразбира можност за промена, прилагодување и справување
со тешкотиите и стресот. Кога нашето ментално здравје е нарушено, почнуваме да ја
губиме флексибилноста и целосно избегнуваме да се соочиме со проблемите. Доброто
7
ментално здравје ни овозможува да ги прифатиме нашите емоции и да се справиме со
проблемите користејќи ги нашите ресурси, вештини и способности. Менталното здравје
значи вклучување во продуктивни активности – активности кои ги вклучуваат нашите
сетила, емоции и интелект и ни помагаат да растеме и да се развиваме.
Пандемијата КОВИД-19 е нова и досега непозната опасност, па затоа стравот е
природен и очекуван феномен. Коронавирусот суштински ги потресе сите аспекти од
нашите животи: лични, семејни, социјални и деловни. Ограничувањата на движењето,
социјалната дистанца, работата од дома, „онлајн“ наставата, изолацијата, недостатокот на
контакт со врсници, нарушеното секојдневие, уште повеќе ја зголемија можноста за
појавата на анксиозност и депресија како најчести симптоми во периодот на пандемијата,
особено кај помладата популација. Во пандемијата, посебно внимание треба да се посвети
на најранливите и ризичните групи во општеството – старите лица, бездомници, мигранти,
како и оние со слаба социјална поддршка и низок социо-економски статус

Keywords:

КОВИД-19, пандемија,ментално здравје, стрес, емоции