Влијанието на менаџментот на човечки ресурси врз задоволството на вработените

Citation APA 7:
Павловска, А. (2022). Влијанието на менаџментот на човечки ресурси врз задоволството на вработените [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво

Citation Harvard:
Павловска, А., 2022. Влијанието на менаџментот на човечки ресурси врз задоволството на вработените. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

13.09.2022

Citation APA 7:
Павловска, А. (2022). Влијанието на менаџментот на човечки ресурси врз задоволството на вработените [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво

Citation Harvard:
Павловска, А., 2022. Влијанието на менаџментот на човечки ресурси врз задоволството на вработените. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.

Abstract

Менаџирањето на човечки ресурси е можеби и едно од најкомплицираните полиња во
полето на бизнисот, па и во било која друга институција. Човекот не е машина за да биде
покорна, човекот не е компјутер за да не прави грешки, не е нешто што може лесно да се
манипулира, а пред се, човекот е живо битие со емоции кои ја раководат неговата
продуктивност, неговата способност за работа, неговото прифаќање или одбивање на
сугестијата итн.
Имено, не постои формула за тоа кој е најправилниот начин за менаџирање на
човечките ресурси, не постои некаков таен рецепт, туку тоа е коктел од различни постапки,
увидување на климата во која се работи, константно набљудување и испробување на нови
техники методи, усовршување на себе, но и подобрување на условите за работа. Без човекот
ни една индустрија не би функционирала онака како што треба, ни еден бизнис (мал или
голем), ни една институција не може да функционира онака како што треба тоа да се одвива.
Машините можат да ја работат работата место човекот, но некој мора да ја управува
машината. И покрај тоа што човекот е несовршено битие, тоа е свесно битие со своја етика
и естетика, со норми и вредности кои се и двигатели на сите успешни бизниси, без исклучок.
Многу е важно да се разгледаат сите аспекти од овој комплексен проблем и да се изнајдат
единствено најпродуктивните решенија. Редоследот по кој ќе се движи овој труд е теориски
дел па методолошки дел. Секој од нив ќе биде детално објаснет и поддржан со аргуметни и
научни истражувања. Човечкиот капитал (човечките ресурси) претставува збир на знаења,
вештини кои се стекнуваат по пат на формално или неформално образование, а имаат за цел
примена во различни домени во индустријата. Под поимот на формално образование се
подразбира се што припаѓа под капата на државата или уиверзитетите кои се признати од
неа, додека пак неформалното се курсеви, семинари и се што се користи за надоградување
на знаењата и усовршување на вештините.

Keywords:

менаџмент на човечки ресурси, задоволство, вработени