Влијанието на менаџирањето со стресот врз мотивацијата на вработените во организациите

Citation APA 7:
Стефановска, Г. (2020). Влијанието на менаџирањето со стресот врз мотивацијата на вработените во организациите [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стефановска, Г., 2020. Влијанието на менаџирањето со стресот врз мотивацијата на вработените во организациите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

26.12.2020

Citation APA 7:
Стефановска, Г. (2020). Влијанието на менаџирањето со стресот врз мотивацијата на вработените во организациите [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стефановска, Г., 2020. Влијанието на менаџирањето со стресот врз мотивацијата на вработените во организациите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.

Abstract

Менаџирањето на човечките ресурси, потенцијали и капитал, односно самото
менаџирање на вработените, во последните неколку години претставува извор на
организациска конкурентност и способност, односно неконкурентност и неспособност,
во зависност од насоките на дејствување и постигнатиот краен резултат. Многумина
веруваат дека човечките ресурси се темелат на регрутацијата на луѓето, вработувањето,
едукациите и евентуалното водење на елементарни податоци за сите вработени, но,
спектарот на користење на овие активности е многу поширок. Самото менаџирање со
човечките ресурси претставува клучната, но и критична компонента преку која се
менаџира стресот и влијанието коe тоa го има врз мотивацијата на вработените. Преку
степенот на мотивација за работа, односно подготвеноста на субјектот за извршување
одредени работи, оптимално се извршуваат поставените задачи во работната
организација, односно друштвото. Стресот, сам по себе, претставува последица на
исцрпување и опаѓање на целосната функционалност на организмот, а сето тоа
доведува до намалена ефикасност на работното место. Сепак, иако стресот на
работното место во денешно време претставува дури и нормална појава, прекумерниот
стрес може да влијае на намалување на мотивираноста кај вработените, а со самото тоа
и на продуктивноста поради нарушеното физичко и емоционално здравје.
Од направеното истражување се докажа генералната хипотеза којашто беше
насочена кон тоа дека ако правилно се менаџира стресот во организацијата,
вработените ќе бидат повеќе мотивирани за извршување на работните задачи.
Потребата од мотивација на вработените е клучен сегмент на организацијата. Токму
затоа, ако стресот се менаџира и се насочи да биде позитивен мотиватор, ќе се
постигнe задоволство кај вработените иуспех на организацијата.

Keywords:

стрес, мотивација, менаџирање, човечки ресурси, организација, вработени