
Влијанието на класичната музика врз благосостојбата и концентрацијата кај децата
Citation APA 7:
Проја Димовски, Ј. (2023). Влијанието на класичната музика врз благосостојбата и концентрацијата кај децата [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Проја Димовски, Ј., 2023. Влијанието на класичната музика врз благосостојбата и концентрацијата кај децата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Влијанието на класичната музика врз благосостојбата и концентрацијата кај децата |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 08.11.2023 |
Citation APA 7:
Проја Димовски, Ј. (2023). Влијанието на класичната музика врз благосостојбата и концентрацијата кај децата [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Проја Димовски, Ј., 2023. Влијанието на класичната музика врз благосостојбата и концентрацијата кај децата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Музиката им помага на децата да се развиваат, да го разберат светот кој ги опкружува,
но и да ги искажат своите лични чувства и стекнати искуства. Меѓутоа нејзината
образовна улога е уште поважна, со оглед на тоа дека поттикнувачки дејствува на
севкупниот развој на детето.
Во време кога технологијата е во подем и зазема се поголем дел од животот, децата што ги
негуваат креативните уметности се тие кои носат едно освежување и продуховување на
вистинските вредности во хипердигиталниот свет.
Класичната музика и нејзиното воведување во животот на децата од најмала возраст има
долгорочни ако не и трајни придобивки во развојот на нивната целокупна личност – врз
социјалниот, општествениот и културниот живот на детето.
Дека класичната музика позитивно влијае врз развојот на децата е докажано низ многу
бројни истражувања каде се опсервираат поголеми групи на деца кои што се изложени на
слушање на класична музика одреден период, за подоцна да се забележи разлика во
нивното однесување, подобрување на говорот, развивање на емпатија, подобрување на
резултатите во училиште, како и пристапот на решавање на проблемите со кои се
соочуваат.
Многу е важно семејството како главна алка која учестува во развојот и воспитувањето на
децата да сфати дека со воведувањето на музиката во животот на детето треба да се почне
што порано, за тоа да научи да ја вреднува и сака класичната музика.
Децата кои како мали слушале класична музика покажуваат способност за слушање,
сочувство и потреба од други, а познато е дека таквите деца се остроумни и дека имаат
низок ризик за развој на деменција во понатамошниот живот.
Во долгогодишната работа со деца кои посетуваат специјализирана музичка настава , а
посебно се надградуваат во сферата на класичната музика од најмала возраст па се до
средношколски денови, сведок сум на многубројните придобивки од музиката врз
развивањето на целокупната детска личност, а посебно на емоционалната интелигенција,
концентрацијата и благосостојбата кај децата.
Пеењето го развива вокалниот апарат, говорот, ги зајакнува гласните жици и го регулира
дишењето. Ритмичките вежби придонесуваат за физичкиот развој на децата, се подобрува,,Влијанието на класичната музика врз благосостојбата и концентрацијата кај децата,,
5
координацијата на движењата, се подобрува држењето на телото, се зголемува виталноста,
што создава весело, радосно расположение кај детето и има корисен ефект врз состојбата
на телото во целина. Така, музиката е едно од средствата за здрав физички развој на
децата.
Ја поттикнува дружељубивоста и ги поттикнува социјалните вештини кај децата, ја
зголемува нивната способност за снаоѓање во социјалната средина, го подобрува говорот,
начинот на искажување на емоционалните состојби (среќа, тага, емпатија), го подобрува
расудувањето во одредени ситуации кои бараат поголемо трпение и размислување, го
зголемува чувството за себевреднување и ја подобрува целокупната благосостојба во
животот на детето.
Keywords:
дете, класична музика, благосостојба, емоции , семејство,
концентрација
