
Влијанието на иновациите во бизнисот со хемиски производи на нивото на хигиена во јавните простории на јавните објекти: Анализа на состојбата во Република Северна Македонија
Citation APA 7:
Марковски, А. (2020). Влијанието на иновациите во бизнисот со хемиски производи на нивото на хигиена во јавните простории на јавните објекти: Анализа на состојбата во Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Марковски, А., 2020. Влијанието на иновациите во бизнисот со хемиски производи на нивото на хигиена во јавните простории на јавните објекти: Анализа на состојбата во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 26.12.2020 |
Citation APA 7:
Марковски, А. (2020). Влијанието на иновациите во бизнисот со хемиски производи на нивото на хигиена во јавните простории на јавните објекти: Анализа на состојбата во Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Марковски, А., 2020. Влијанието на иновациите во бизнисот со хемиски производи на нивото на хигиена во јавните простории на јавните објекти: Анализа на состојбата во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.
Abstract
Не се потребни многу зборови за да се објасни важноста на иновациите и, следствено
на тоа, во денешното динамично економско опкружување, се наметнува потребата
компаниите постојано да иновираат за да одржат профитабилен раст и деловен
успех.Со други зборови, иновациите стануваат неопходност, не само преку развој на
нови производи или услуги, туку и преку изнаоѓање нови деловни модели што
честопати подразбира промена на правилата на игра, организациски иновации и нови
начин за подобрување на ефикасноста на производството и целокупниот бизнис.
Човечката раса во релативно краток временски период еволуира преку иновации што
нè однесе од правење стрела и камени плочки во рамнините на Африка до градење
апликации за паметни телефони и автономни роботи ширум светот. Технолошкиот
напредок не само што продолжува, туку е забрзан, особено во области што би можеле
брзо да го променат начинот на кој се работи, живее и да преживее во наредните
децении. 21-от век претставува предизвик за оние кои негодуваат или едноставно се
заинтересирани за иновациите. Почетокот на 21- от век беше дочекан со страв од
непознатото и што тој ќе презентира. Она што е уште поинтересно за овој временски
период е фактот дека пронајдоците од претходните децении конечно излегоа на
површина во 21- от век. Она што го прави овој временски период толку различен и
подеднакво возбудлив е тоа што има добра количина на пронајдоци од овој временски
период кои се контроверзни, споредено со претходните временски периоди во
историјата на човекот.
Личниот мотив и интерес за изработка на магистерскиот труд е во тоа што како
носители на бизнисот на Хигиен Сервис (Hygiene Service) во Република Северна
Македонија, и франшиза од Република Грција, истражувањето ќе придонесе и помогне
во понатамошниот развој на активностите на компанијата. Со други зборови, она што
начелно се тврди дека успеавме да го зголемиме нивото на хигиена во јавните
простории во јавните објекти во Република Северна Македонија, ќе добие и емпириска
потврда. Сето тоа ќе придонесе за создавање на поголеми можности за развој и
проширување на бизнисот и на други пазари.
Keywords:
иновации, иновативност, хигиена, јавни простории во јавни објекти.
