
Влијанието на физичката активност врз менталното здравје На учениците: улога на семејството и училиштето
Citation APA 7:
Живиќ, Ј. (2026). Влијанието на физичката активност врз менталното здравје на учениците: Улога на семејството и училиштето [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Живиќ, Ј., 2026. Влијанието на физичката активност врз менталното здравје на учениците: Улога на семејството и училиштето. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 18.5.2026 |
Citation APA 7:
Живиќ, Ј. (2026). Влијанието на физичката активност врз менталното здравје на учениците: Улога на семејството и училиштето [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Живиќ, Ј., 2026. Влијанието на физичката активност врз менталното здравје на учениците: Улога на семејството и училиштето. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Истражувањето е фокусирано на испитување на влијанието на физичката активност врз
менталното здравје на учениците, со акцент на улогата на семејството и на училиштето
како клучни фактори за развој. Денес, во услови на намалена физичка активност,
зголемена дигитална изложеност и зголемени психолошки предизвици кај учениците,
оваа тема добива значајна научна и практична важност. Целта на истражувањето е да се
испита поврзаноста помеѓу нивото на физичка активност и нивото на анксиозност кај
учениците, како и да се обрне внимание на улогата на семејната функционалност и
училишната поддршка во овој однос. Истражувањето е спроведено со квантитативен,
емпириски пристап, со користење на анкетирање и скалирање како техника. Примерокот
го сочинуваат ученици на возраст од 11 до 14 години и нивните родители. За мерење на
физичката активност се користи адаптиран инструмент PAQ-C, за проценка на
анксиозноста скратена родителска верзија на SCARED, а за семејната функционалност
адаптиран Family APGAR. Податоците се обработуваат со примена на дескриптивна
статистика, корелациски анализи и анализи на групни разлики (ANOVA). Добиените
резултати насочуваат дека повисокото ниво на физичка активност е поврзано со пониско
ниво на анксиозност кај учениците,. Исто така и дека постојат значајни разлики во
менталната благосостојба и семејната функционалност помеѓу учениците со различно
ниво на физичка активност. Добиените резултатите од истражувањето можат да
придонесат за развивање превентивни програми во образовниот и социјалниот систем,
кои ќе бидат насочени кон унапредување на менталното здравје на учениците преку
поттикнување на физичката активност и зајакнување на семејната и училишната
поддршка.
Keywords:
физичка активност, ментално здравје, ученици, анксиозност, семејна
функционалност, училишна поддршка.
