Влијание на воспитно-образовните програми во средните училишта, врз нивото на применливо знаење (знаење од теми кои современата психотерапија ги смета за корисни за да една личност се насочи кон зрел развој на личноста)

Citation APA 7:
Стојанов, З. (2020). Влијание на воспитно-образовните програми во средните училишта, врз нивото на применливо знаење (знаење од теми кои современата психотерапија ги смета за корисни за да една личност се насочи кон зрел развој на личноста) [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стојанов, З., 2020. Влијание на воспитно-образовните програми во средните училишта, врз нивото на применливо знаење (знаење од теми кои современата психотерапија ги смета за корисни за да една личност се насочи кон зрел развој на личноста). Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

17.07.2020

Citation APA 7:
Стојанов, З. (2020). Влијание на воспитно-образовните програми во средните училишта, врз нивото на применливо знаење (знаење од теми кои современата психотерапија ги смета за корисни за да една личност се насочи кон зрел развој на личноста) [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стојанов, З., 2020. Влијание на воспитно-образовните програми во средните училишта, врз нивото на применливо знаење (знаење од теми кои современата психотерапија ги смета за корисни за да една личност се насочи кон зрел развој на личноста). Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Психотерапијата е применлива и во превенирачки цели. Сознанијата кои ги
поседува, со кои успешно помага на оние кои заглавиле во развојот, на оние кои имаат
разни психички потешкотии, проблеми, нарушувања, се применливи и во училиштата.
Во училиштата, е потребно да се применуваат овие сознанија, со цел да кај учениците
се осигура развој во здрава, зрела, успешна и среќна личност. Не само како советување
на ученици кои имаат проблеми, но и преку предавања и работилници, преку кои се
опфаќа целата здрава популација, со цел да им се дадат информации и искуство кое ќе
им го олесни правилниот развој и ќе ги заштити од разни погрешни заклучоци. Но,
дали овие сознанија им се нудат на нашите ученици во основното и средно
образование со цел да им се помогне во нивниот правилен развој? Впрочем за таа цел,
Бирото за образование, во соработка со психолози, изготви учебник за животни
вештини и како предмет го вметна да го изучуваат основците и средношколците. Тој е
многу добро конципиран со намера да влијае да се катализира развојот во зрела и
успешна личност. Но, за жал, е ставен да го предаваат класните раководители, на
класен час, кои малку ја познаваат психологијата и што сѐ таа може да придонесе на
децата. Па, затоа во пракса тој речиси и да не се предава, или се прават големи
содржински и методолошки импровизации. За да и емпириски се докаже тоа
согледување, се прави ова истражување помеѓу средношколците од разни училишта во
нашата држава. Свесен сум дека ова истражување нема голема прецизност и не е
доволно репрезентативно, бидејќи е извршено на 100 испитаници. Сепак, резултатите
навестуваат дека учениците се сиромашни од ваков тип знаење кое може многу да им
помогне за правилен развој на нивната личност. Од добиените резултати,
недвосмислен е заклучокот дека неопходно е предметот Животни вешини да се
предава со многу поголема сериозност и редовност. За да се постигне тоа, потребна e
поголема обученост на учителите и наставниците, или да се помести како редовен
предмет кој би се предавал од психолози. Без ова, нашиот основен и средношколски
училиштен систем не може да ги опфати сите ученици во нивна едукација со
применливи знаења од областа на психологијата, кои би имале големо позитивно
влијание за развојот на личноста. Се истражува колку учениците имаат знаења за тоа:
Што е безусловно себевреднување и себеприфаќање; Кои се развојни задачи на
5
личноста и дали во училиште се работело за нивно освестување и правилно
остварување? За емоциите, чувствата и нивната функција во нашиот живот? За
конфликтите во една личност и помеѓу личности и како се надминуваат? Ова се само
некои од позначајните теми кои би биле од корист на секој ученик кога би имал
суштински, применливи информации за нив. Не дефиниции, автори, години, но само
таков вид знаење кое директно има применлива вредност во животот. Ние како
психолози ќе се сложиме дека на ова поле потребно е уште многу работа. Мојот
придонес кон ова, е придонес кон освестувањето на овој горчлив проблем и
апелирањето да се насочиме малку повеќе кон него за да почне да се разрешува

Keywords:

личност, воспитно-оразовните програми, средни училишта.