Влијание на вонредни ситуации врз социјалниот живот на децата на предучилишна возраст

Citation APA 7:
Ѓоргоска, А. (2021). Влијание на вонредни ситуации врз социјалниот живот на децата на предучилишна возраст [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Ѓоргоска, А., 2021. Влијание на вонредни ситуации врз социјалниот живот на децата на предучилишна возраст. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

21.01.2022

Citation APA 7:
Ѓоргоска, А. (2021). Влијание на вонредни ситуации врз социјалниот живот на децата на предучилишна возраст [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Ѓоргоска, А., 2021. Влијание на вонредни ситуации врз социјалниот живот на децата на предучилишна возраст. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Првичниот развој и самото воспитание на детето од најраните години, е долг
процес кој е насочен да се искористат сите можни потенцијали на детето кое ги
поседува од самото раѓање, за конечно формирање, градење и развивање на трајни
позитивни карактеристики и подобности на личноста.
Но секој пат е трнлив до успехот, па дури и оној на најмалите, секоја грешка и
секоја новонастаната ситуација проследена со промени кои делумно негативно
делуваат во формирањето на еден квалитетен пат до успешниот живот, се тие кои не
попречуваат во целите и стануваат сè посекојдневна тема кај загрижените родители
или незадоволните деца.
Предучилишното воспитание и образование кое е базирано на сите
најсовремени педагошки и научни постигања постои за да им обезбеди на најмладите
услови за нормален психофизички, емоционален и општествен развој што е предуслов
за нивно успешно понатамошно воспитание и образование.
Семејното воспитание може да се сфати како процес на спонтано, намерно и
повратно интеракциско дејствување на родителите врз актуелизацијата и развојот на
личните и социјалните особини на детето.1 Семејството својата воспитна улога ја
остварува примарно на два начина: посредно преку јакнење на личноста на детето со
помош на целокупната семејна клима и релациите меѓу членовите во семејството (со
што се обезбедува услов за правилно насочување на детето); непосредно, преку свесни
влијанија врз детската личност.
Овој труд се фокусира на влијанието на новонастанатата ситуација која доведе
до вонредни услови на целокупното општество и нивниот живот, врз развојот на
емоционалните и социјалните компетенции на децата и нивно израснување во
самостојни, самоиницијативни и самоуверени индивидуи кои ќе продолжат со себеразвојот и ќе бидат во состојба да придонесуваат и кон развојот на својата заедница.
Стекнувањето на социјални и емоционални комептенции во предучилишната
возраст има огромно значење за понатамошните развојни фази на децата, за
подготовката за училиште и постигнувањето на училишен успех, способноста за
прилагодување на однесувањата во училишните средини и креирањето на здрави и
долготрајни реалиции со семејните членови, со пријателите, како и за имањето на

1Grbic, M., Pavlovic, T., Cajo, N. (2013) Prirucnik za roditele I odgojitele “Od prvog dana” – Samopostovanje
je najvazniji zadatak detinjstva, Split: Nastavni zavod za javno zdravstvo Splitsko-dalmatinske tupanije, страна
76.
5
високо мислење за себе, себевреднување, кои ќе му овозможат да израсне во независна
и самостојна индивидуа која знае, може и умее.
Во таа насока магистерскиот труд има за цел да се добијат релевантни
информации за тоа, како децата го доживуваат овој несекојдневен начин на живот во
кој сите се опфатени без исклучоци, каде градинките, како главни центри за ран развој
и клучни ресурсни центри, од каде родителите добиваат поддршка од стручните лица
за применување и здобивање со потребните вештини и способности, беа попречени за
постапување по нормалните услови и ја самата вонредна ситуација ја спречи можноста
текот на настаните да биде со добар социјален исход.
Овој труд, всушност, е насочен да ги пронајде и прикаже суштинските развојни
методи на децата кои беа спречени да живеат нормален живот во нормални услови,
поради настанатата вонредна ситуација која го обиколи целиот свет, но главната
насока и истражувачкиот материјал ќе биде прикажан точно од нашата земја, која и тоа
како беше погодена од катастрофалниот бран кој ни ги промени животите на сите.

Keywords:

социјален живот, деца, воздраст.