Влијание на сменската работа врз психофизичката добросостојба кај вработените

Citation APA 7:
Стаменковски, А. (2021). Влијание на сменската работа врз психофизичката добросостојба кај вработените [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стаменковски, А., 2021. Влијание на сменската работа врз психофизичката добросостојба кај вработените. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

10.05.2021

Citation APA 7:
Стаменковски, А. (2021). Влијание на сменската работа врз психофизичката добросостојба кај вработените [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стаменковски, А., 2021. Влијание на сменската работа врз психофизичката добросостојба кај вработените. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Abstract

Сменската работа претставува важен извор на нарушувања на здравјето и психофизичката добросостојба кај вработените во единиците за противпожарна заштита. Сепак, оваа служба мора да биде достапна 24 часа, со оглед на тоа што пожарите и несреќите бараат интервенирање од нејзините вработени и работењето во смени е често и неопходно, особено за пожарникарите. Целта на овој труд е да покаже дали постојат разлики помеѓу сменските работници и работниците со редовно работно време во рамки на единиците за противпожарна заштита, во однос на општата здравствена состојба, нивото на замор, квалитетот на спиење, нивото на анксиозност и нивото на депресија, како и дали сменската работа има влијание врз овие индикатори на психофизичката добросотојба кај вработените во противпожарните единици. Примерокот на истражување го сочинуваат 60 испитаници, од кои 30 се сменски работници, а 30 работници со редовно работно време, сите од машки пол, на возраст од 40 до 50 години, вработени во противпожарната заштита со полно работно време и со работен стаж од 5 години и повеќе. За собирање на податоците користени се: Прашалник за општа здравствена состојба, Прашалник за проценка на замор, Прашалник за квалитет на спиење, Прашалник за анксиозност и Прашалник за депресија. Истражувачките резултати покажуваат дека постојат статистички значајни разлики помеѓу сменските работници и работниците со редовно работно време во единиците за противпожарната заштита во однос на општата здравствена состојба, нивото на замор, квалитетот на спиење, нивото на анксиозност и нивото на депресија и дека сменската работа негативно влијае врз психофизичката добросостојба на вработените во противпожарните единици. Добиените резултати се во согласност со достапните истражувачки резултати во стручната литература.

Keywords:

противпожарна служба, сменска работа, вработени, психофизичка добросостојба