
Влијание на музиката врз регулација на емоционалната состојба на човекот
Citation APA 7:
Ванев, М. (2023). Влијание на музиката врз регулација на емоционалната состојба на човекот [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Ванев, М., 2023. Влијание на музиката врз регулација на емоционалната состојба на човекот. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Влијание на музиката врз регулација на емоционалната состојба на човекот |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 10.05.2023 |
Citation APA 7:
Ванев, М. (2023). Влијание на музиката врз регулација на емоционалната состојба на човекот [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Ванев, М., 2023. Влијание на музиката врз регулација на емоционалната состојба на човекот. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Целта на ова истражување е да се истражи како музиката влијае врз развивањето на
емоциите и нејзиното влијание на музиката врз регулација на емоционалната состојба на
човекот. Со адекватната употреба на методолошкиот пристап ќе можат да се добијат
податоци за предметот на истражување, појавите, процесите, ставовите и заклучоците, кои
се решавачки за исполнување на целта на овој труд.
Примерокот се состоеше од една групa испитаници (вкупно 89), од кои 20 се мажи
или 22%, додека припадничките на женскиот пол учествуваат со 69, односно 77%, а
според според возраста на испитаниците, истите се помеѓу 16 и 20 години се 41,3% од
вкупниот број на испитаници, помеѓу 21 и 23 години се 9,8%, помеѓу 24 и 26 се 8,7% од
испитнаициите, додека останатите 40,2% се испитаници на возраст над 27 години а од нив
21 се од женски пол и 38 од машки пол, на возраст од 21 до 65 години.
Најважните резултати од ова истражување се однесуваат на податоците во однос на
влијанието на музиката врз емоционалната бсостојба на луѓето, односно во однос на двете
испитувани варијабли: музика и емоционална интелигенција.
Откриено е постоење на средна позитивна корелација меѓу варијаблите
емоционална интелигенција и музика (r= .354, p < .001), од каде што може да се заклучи
дека постои значајна статистичка поврзаност помеѓу варијаблите. Исто така, откриено е
дека мажите и жените не се разликуваат значајно во однос на емоционалната
интелигенција (t= (-1,118, df=83, p>0.05)) и дека мажите и жените не се разликуваат
значајно во однос на варијаблата музика (t= (-0.746, df=81, p>0.05)). На крај, се заклучува
дека преферираниот жанр кој буди позитивни емоции статистички е независен од
класификацијата според полот и дека преферираниот жанр кој буди негативни емоции
статистички е независен од класификацијата според полот.
Keywords:
музика, емоционална интелигенција, музички жанр, музикотерапија
