Влијание на комуникацијата на лидерите и соработниците врз организациската поставеност на вработените во енергетскиот сектор

Citation APA 7:
Пеновски, С. (2023). Влијание на комуникацијата на лидерите и соработниците врз организациската поставеност на вработените во енергетскиот сектор [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Пеновски, С., 2023. Влијание на комуникацијата на лидерите и соработниците врз организациската поставеност на вработените во енергетскиот сектор. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

24.11.2023

Citation APA 7:
Пеновски, С. (2023). Влијание на комуникацијата на лидерите и соработниците врз организациската поставеност на вработените во енергетскиот сектор [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Пеновски, С., 2023. Влијание на комуникацијата на лидерите и соработниците врз организациската поставеност на вработените во енергетскиот сектор. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Република Северна Македонија, како земја во транзиција, односно во развој, моментално
се соочува со предизвиците на трансформирање на застарените форми на стилови на
управување во организациите во модерни форми на лидерство. Повеќето организации во
Северна Македонија веќе имаат имплементирано одредени елементи на лидерство во
нивните процеси. Сепак, има неколку организации кои целосно го имаат имплементирано
концептот на модерно лидерство во својот бизнис. Затоа е многу важно науката во нашата
држава да се занимава со лидерство, за оваа трансформација да не се остави на дејството
на случајни, природни влијанија.
Целта на магистерскиот труд е да даде значаен придонес на меѓународно ниво за подобро
разбирање на меѓусебното влијание на комуникацијата меѓу лидерите и соработниците,
јакнењето и организациската посветеност на вработените во средини во транзиција, како и
развојот на теоријата и практиката на овие променливи, односно на овие варијабли во
рамките на организациското однесување. Секундарната цел на истражувањето е да се
споредат организациите од енергетскиот сектор во Република Северна Македонија и да се
утврдат очекуваните разлики меѓу нив, кои се поврзани со комуникацијата, јакнењето и
посветеноста и да се обезбедат квалитетни податоци за луѓето кои се или кои ќе бидат
ангажирани во раководството во овие организации за подобрување на организациските
перформанси.
Со истражувањето ќе се добијат квалитетни податоци за комуникацијата меѓу лидерите и
соработниците, за јакнењето и организациската посветеност на вработените, нивното
меѓусебно влијание и односи, како и за критичните групи вработени кои бараат итни
мерки за подобрување во македонските организации. Примената на овие податоци во
академски и деловни средини може да даде значаен придонес во модернизацијата на
теоријата и практиката на лидерство во Северна Македонија.

Keywords:

комуникација, лидери, соработници, вработени, енергетски сектор,
теорија на размена, организациска посветеност.