Вклученоста на менаџментот на човечки ресурси во процесот на селекција и регрутација на вработени

Citation APA 7:
Мушкарска Струмениковска, Ј. (2023). Вклученоста на менаџментот на човечки ресурси во процесот на селекција и регрутација на вработени [Магистерски труд]. МСУ.

Citation Harvard:
Мушкарска Струмениковска, Ј. (2023) Вклученоста на менаџментот на човечки ресурси во процесот на селекција и регрутација на вработени. Магистерски труд. Свети Николе: МСУ.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Citation APA 7:
Мушкарска Струмениковска, Ј. (2023). Вклученоста на менаџментот на човечки ресурси во процесот на селекција и регрутација на вработени [Магистерски труд]. МСУ.

Citation Harvard:
Мушкарска Струмениковска, Ј. (2023) Вклученоста на менаџментот на човечки ресурси во процесот на селекција и регрутација на вработени. Магистерски труд. Свети Николе: МСУ.

Abstract

Денес организациите се принудени да произведуваат со што помалку вложени
ресурси. Работејќи под притисок од опкружувањето и самите стеикхолдери на
претпријатието, тие се наоѓаат пред предизвикот за остварување високи добивки со
минимални трошоци. Притоа, може да се тргне во погрешна насока доколку човечките
ресурси се третираат како и другите ресурси, затоа што профитабилноста на
организациите најмногу зависи од вработените кои го сочинуваат најголемиот дел од
фиксните трошоци. Во време на постојани промени, рецесии и висока конкурентност, секој работодавец мора да ги преземе сите активности со цел да го избере
најсоодветниот работник за работното место кое го нуди. Многу е важно да се развијат
методи за регрутација и селекција на најдобрите кандидати со кои не само што ќе се
зголеми продуктивноста, туку и трошоците ќе се задржат на ниско ниво. Регрутацијата
и селекцијата, како круцијални функции на менаџментот на човечки ресурси, имаат
најголемо влијание врз перформансите на една организација. Нивното дејство ги
засегнува целокупните резултати на организацијата, бидејќи од квалитетот на
вработените зависи квалитетот на организацијата.

Keywords:

менаџмент на човечки ресурси, кадри, регрутација, селекција, извори на регрутација, методи на селекција, социјализација на нововработените.