Вештачката интелигенција во полза на безбедноста и здравјето при работа

Citation APA 7:
Мандаровски, М. (2025). Вештачката интелигенција во полза на безбедноста и здравјето при работа [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе.

Citation Harvard:
Мандаровски, М., 2025. Вештачката интелигенција во полза на безбедноста и здравјето при работа. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

18.06.2025

Citation APA 7:
Мандаровски, М. (2025). Вештачката интелигенција во полза на безбедноста и здравјето при работа [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе.

Citation Harvard:
Мандаровски, М., 2025. Вештачката интелигенција во полза на безбедноста и здравјето при работа. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе.

Abstract

Поимот за безбедност и здравје при работа традиционално се перципира како
превенција од несреќи, односно избегнување на состојби каде би се случиле несакани
настани. Со цел да се постигнат работни услови во кои самиот вработен има чувство на
задоволство при вршење на професионалните задачи поставени пред него, потребен е
систематски пристап во превентивното делување.
Иако интеграцијата на вештачката интелигенција во областа на здравјето и
безбедноста при работа сè уште е во рана фаза, сепак таа нуди бројни придобивки за
здравјето и безбедноста на работниците, како што е континуирано следење на здравјето и
безбедноста на работниците и работното опкружување. Управувањето со работниците
засновано на вештачка интелигенција (AIWM) е термин кој се однесува на систем за
управување со работници кој собира податоци, често во реално време, за работниот
простор, работниците, работата што ја работат и дигиталните алатки што ги користат, за
нивната работа, која потоа се внесува во модел базиран на вештачка интелигенција кој
донесува автоматизирани или полуавтоматизирани одлуки или обезбедува информации за
носителите на одлуки, како и за прашањата поврзани со раководењето на работниците.
Основен предмет на ова истражување е да се истражат бројот на несреќи и повреди
во Република Северна Македонија и во светот, со цел да се предвидат можни мерки кои
можат да се применат и преземат од страна на работодавачите и работниците за да се
намалат или спречат, како и да се оцени впечатокот на работниците за влијанието на
вештачката интелигенција и новите технологии врз безбедноста и здравјето на
работниците.

Keywords:

Вештачка интелигенција, безбедност при работа