Важноста на физичката работна средина за здравјето и благосостојбата на вработените

Citation APA 7:
Стаменковска, Љ. (2022). Важноста на физичката работна средина за здравјето и благосостојбата на вработените [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Citation Harvard:
Стаменковска, Љ., 2022. Важноста на физичката работна средина за здравјето и благосостојбата на вработените. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

18.10.2022

Citation APA 7:
Стаменковска, Љ. (2022). Важноста на физичката работна средина за здравјето и благосостојбата на вработените [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Citation Harvard:
Стаменковска, Љ., 2022. Важноста на физичката работна средина за здравјето и благосостојбата на вработените. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Abstract

Имајќи го предвид фактот дека повеќето луѓе поминуваат најголем дел од своето
време во затворени простории, за многу од нив, потенцијалот на внатрешната средина да
влијае на нивното здравје и благосостојба е значаен. Истражувањата покажуваат дека
работното место и неговото опкружување можат да влијаат на физичките и психолошките
резултати и на задоволството на вработените. Сепак, емпириските истражувања засновани
на врската помеѓу факторите на физичката работна средина и здравјето и благосостојбата
на вработените се ретки. Целта на ова истражување е да се истражи улогата на факторите
на физичката работна средина врз здравјето и благосостојбата на административните
работници. Примерокот го сочинуваат 60 административни работници од јавни
организации, на возраст од 30-50 години и со работен стаж во организацијата не помал од
една година. За собирање на податоците применети се: Прашалник за здравје (SF-36),
Прашалник за благосостојба (WHO-5 Well-Being Index) и Прашалник за фактори на
физичка работна средина. Добиените резултати покажаа дека постојат разлики помеѓу
вработените со различен квалитет на здравјето и благосостојбата во однос на перцепцијата
на факторите на физичката работна средина (лична безбедност и ризици, чистота,
контрола, удобност и можности за социјална интеракција) и дека постои поврзаност
помеѓу секој од факторите на физичката работна средина и квалитетот на здравјето и
благосостојбата на вработените. Истражувачките резултати се конзистентни со
резултатите од други истражувања од оваа област.

Keywords:

здравје, благосостојба, фактори, физичка работна средина,
вработени