Важноста на факторите на дизајн на работно место за работната перформанса на канцеларските работници

Citation APA 7:
Ѓоргиевски, М. (2021). Важноста на факторите на дизајн на работно место за работната перформанса на канцеларските работници [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Ѓоргиевски, М., 2021. Важноста на факторите на дизајн на работно место за работната перформанса на канцеларските работници. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

10.05.2021

Citation APA 7:
Ѓоргиевски, М. (2021). Важноста на факторите на дизајн на работно место за работната перформанса на канцеларските работници [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Ѓоргиевски, М., 2021. Важноста на факторите на дизајн на работно место за работната перформанса на канцеларските работници. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Abstract

Денес најголемиот социјален и економски предизвик на организациите е како да
ја зголемат продуктивноста кај вработените. За да привлечат и да задржат вработени од
висок калибар, како и да ја подобрат перформансата на постоечките вработени,
организациите мора да бидат способни да понудат безбедно, удобно и стимулирачко
работно место. Целта на овој труд е да ги испита разликите помеѓу организациите, чии
вработени покажуваат различно ниво на работна перформанса во однос на факторите
на дизајн на работното место (дизајн на административен оддел, внатрешен дизајн,
осветлување, температура и вентилација и бучава), како и поврзаноста на факторите на
дизајн на работното место, односно степенот на нивна усогласеност со воспоставените
стандарди, со нивото на работна перформанса кај канцелариските работници.
Примерокот го сочинуваат 80 испитаници поделени во две групи, од кои едната ја
сочинуваат 40 работници со повисоко ниво на работна перформанса, а другата група 40
работници со пониско ниво на работна перформанса. За собирање на податоците се
применети: Прашалник за фактори на дизајн на работно место и Прашалник за работна
перформанса. Истражувачките резултати покажаа дека постојат статистички значајни
разлики помеѓу организациите чии вработени имаат различно ниво на работна
перформанса, во однос на степенот на усогласеност на факторите на дизајн на работно
место со утврдените стандарди за нив, како и статистички значајна поврзаност помеѓу
степенот на усогласеност на факторите на дизајн на работно место со утврдените
стандарди и работната перформанса на вработените. Ваквите резултати се
конзистентни со истражувачките резултати од други истражувања поврзани со оваа
проблематика од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Keywords:

фактори на дизајн на работно место, работна перформанса,
организации, канцелариски работници