Употреба и значење на посебни истражни мерки

Јанков,Т,Е., 2025, Употреба и значење на посебни истражни мерки

Abstract

Овој труд ја анализира правната рамка, практичната примена и влијанието на посебните истражни мерки врз заштитата на човековите права. Посебните истражни мерки, како што се прислушување на комуникации, следење и тајно набљудување, претставуваат значаен инструмент во борбата против тешките облици на криминал и организираниот криминал.
Исто така, нивната примена отвора суштински прашања поврзани со ограничување на фундаменталните човекови слободи, како што се правото на приватност и правото на фер судење. Всушност, истражувањето опфаќа анализа на домашното и меѓународното законодавство, судска пракса и улогата на надзорните механизми со цел да се утврди балансот меѓу ефикасноста на истрагата и заштитата на човековите права.