Улогата на менаџерските способности и локацијата како клучни фактори при основање на нов бизнис

Citation APA 7:
Трифуновска Тасеска, М. (2021). Улогата на менаџерските способности и локацијата како клучни фактори при основање на нов бизнис [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Трифуновска Тасеска, М., 2021. Улогата на менаџерските способности и локацијата како клучни фактори при основање на нов бизнис. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

06.04.2021

Citation APA 7:
Трифуновска Тасеска, М. (2021). Улогата на менаџерските способности и локацијата како клучни фактори при основање на нов бизнис [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Трифуновска Тасеска, М., 2021. Улогата на менаџерските способности и локацијата како клучни фактори при основање на нов бизнис. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.

Abstract

Сè повеќе поединци во современово општество, се одлучуваат за основање на сопствен
бизнис во споредба со поранешните години. Од таа причина, малите и средни бизниси се
предмет на перманетно учење и истражување од страна на научната јавност. Тие сe
основни двигатели во економијата и на малите и на големите држави за постигнување
забрзан економски раст. Тие создаваат можности за зголемување на вработеноста и
конкурентноста на една земја. Иако стапката на морталитет на малите бизниси во првата
година, односно во првите пет години е доста голема, сепак голем дел од новите мали
бизниси доживуваат успех.
Причините за неуспех на овие бизниси се повеќе, а меѓу нив е и недоволно посветување
внимание на оние елементи и фактори кои се клучни за бизнисот. Токму затоа, овој
магистерски труд прави обид да се истакнат значајните карактеристики на менаџерот во
водење на малиот бизнис, и улогата на локацијата на бизнисот како едни од клучните
фактори за создавање, развој и успех на малиот бизнис.
Малите бизниси даваат можност за започнување и дејствување во повеќе стопански
области со мал капитал. Во многу држави овие мали фирми учествуваат со огромен
процент во вкулниот број на бизниси. На пример, во Европската Унија, тие учествуваат
дури со 91,5 %, и тоа дека 67% од работните места во Европскиот приватен сектор
припаѓаат на малите и средни бизниси. И во нашата држава, бројот на мали претпријатија
е во постојан пораст, и затоа се посветува повеќе внимание во истражување и изучување
на низните предностите и недостатоци.

Keywords:

мал бизнис, менаџери, лични карактеристики, способности, локација.