
Улогата и влијанието на популарната психологија врз менталното здравје во време на пандемија
Citation APA 7:
Серафимовиќ, В. (2021). Улогата и влијанието на популарната психологија врз менталното здравје во време на пандемија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Серафимовиќ, В., 2021. Улогата и влијанието на популарната психологија врз менталното здравје во време на пандемија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Улогата и влијанието на популарната психологија врз менталното здравје во време на пандемија |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.09.2021 |
Citation APA 7:
Серафимовиќ, В. (2021). Улогата и влијанието на популарната психологија врз менталното здравје во време на пандемија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Серафимовиќ, В., 2021. Улогата и влијанието на популарната психологија врз менталното здравје во време на пандемија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Популарната психологија (или скратено позната како поп-психологија) претставува
низа концепти и теории за човечкиот ментален живот и однесување, кои наводно се
темелат на психологијата и кои се прифатени од голем дел од популацијата, уживајќи
целосна доверба. Популарната психологија може да се дефинира и како секој обид за
презентирање на психолошки идеи пред пошироката публика. Слично на научните
области, популарната психологија која е навидум научно втемелена, има свои
специјализирани публикации и жаргон. Денес, во светски рамки популарната
психологија е присутна во огромна мера, преку разни медиуми како што е
литературата и книгите за самопомош, советодавни радио и ТВ емисии, колумни во
печатени медиуми, филмови, популарни емисии, мотивациски говорници итн.
Тргнувајќи од овој факт, претпоставката е дека популарната психологија непосредно
има големо влијание на поширок дел од популацијата, не само на оние кои можеме да
ги наречеме конзумери на овој вид на содржина.
Целта на овој труд е да се добие појасна слика за тоа што претставува популарната
психологија во споредба со научната психологија – психотерапијата пред се, како и
во споредба со она што се нарекува самопомош. Од друга страна, земајќи ги предвид
тековните светски промени што ги предизвика светската пандемија, целта е да се
утврди влијанието на популарната психологија врз менталното здравје на оние кои
што се корисници на разните содржини на популарната психологија. За таа намена
беше спроведено истражување со цел да се утврди можната позитивна корелација
помеѓу користењето на популарната психологија и намалувањето на негативните
ефекти од пандемијата врз менталното здравје на населението. Примерокот од ова
истражување беше определен по случаен избор на популација достапна преку групи
на социјалните мрежи во кои членуваат корисници на содржина на популарната
психологија. За собирање на потребните податоци беа применети два прашалника: 1.
анкетен прашалник за одредување на нивото на користење на популарната
психологија и нејзиното влијание врз корисниците; прашалник – Скалата за
одредување на стратегиите за справување со стрес.
Резултатите од стражувањето покажаа дека голем процент од испитаниците се
(поретко или почесто) корисници на популарна психологија и дека истата има
генерално позитивно влијание врз нивниот живот. Сепак, во однос на клучното
прашање, во однос на позитивните ефекти на популарната психологија врз
менталното здравје на испитаниците, само една третина од испитаниците сметаат дека
популарната психологија им помогнала во надминувањето на менталните потешкотии
за време на пандемијата.
Keywords:
популарна психологија, самопомош, саморазвој,
психотерапија, пандемија
