
Улогата и важноста на менаџерските вештини на македонските менаџери во управувањето со човечки ресурси
Citation APA 7:
Стефановска, М. (2023). Улогата и важноста на менаџерските вештини на македонските менаџери во управувањето со човечки ресурси [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Стефановска, М., 2023. Улогата и важноста на менаџерските вештини на македонските менаџери во управувањето со човечки ресурси. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 03.11.2023 |
Citation APA 7:
Стефановска, М. (2023). Улогата и важноста на менаџерските вештини на македонските менаџери во управувањето со човечки ресурси [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Стефановска, М., 2023. Улогата и важноста на менаџерските вештини на македонските менаџери во управувањето со човечки ресурси. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Со текот на годините, менаџментот доживеа многу подеми и падови. Оттука, се
наметнува потребата за подобра организација на работата, зголемување на обемот на
бизнисот итн. Поради оваа причина, се појавуваат првите менаџери, и притоа
менаџментот и менаџерите стануваат еден од предметите на проучување и бескрајните
обиди за подобрување на многу научни работници. Менаџерските вештини станаа клучни
при промоцијата и личниот развој на секој менаџер. Во зависност од сегментот што се
набљудува, можно е да се видат прилично голем број менаџерски вештини. Со текот на
времето се појавува се повеќе литература и идеи како истите да се подобрат. Токму тоа е
причина за изработката на оваа магистерска работа, која се занимава со проблематиката
на менаџерските вештини, со посебен осврт на вештините за управување со човечки
ресурси. Во теоретскиот дел детално се проучуваат вештините за управување со човечки
ресурси и кои менаџери на кое ниво имаат контакт со наведената вештина. Некои од
вештините кои се предмет на разгледување се вештини за планирање, организациски
вештини, комуникациски вештини, мотивациски вештини и многу други, со посебен акцент
на вештините за лидерство и управување со човечки ресурси. Споменатите вештини се
прикажани низ многу примери кои имаат за цел да ја поддржат теоријата и да ја направат
попрактична и разбирлива. Вториот дел од магистерската содржи емпириско
истражување преку анкетен прашалник кој е поставен на територијата на Република
Македонија и чија цел е да ја испита улогата и важноста на менаџерските вештини во
однос на вештините за управување со човечки ресурси. Податоците собрани од
истражувањето се обработени со дескриптивна статистика и врз основа на нив се
донесени заклучоци. Резултатите и заклучоците се прикажани графички, на едноставен,
лесно разбирлив и поучен начин. Резултатот е слика на ситуацијата во која се наоѓаат
македонските менаџери. Некои области секако треба да се подобрат, но има и области
кои според резултатите од истражувањето може да се каде дека се силни страни на
македонските менаџери кога се зборува за сегментот на менаџерски вештини поврзани со
управувањето со човечки ресурси
Keywords:
менаџмент, менаџер, менаџерски вештини, образование
