Улога на менаџментот во користење на маркетинг стратегиите на локалните заедници

Citation APA 7:
Арсовска, М. (2023). Улога на менаџментот во користење на маркетинг стратегиите на локалните заедници [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Арсовска, М., 2023. Улога на менаџментот во користење на маркетинг стратегиите на локалните заедници. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

26.09.2023

Citation APA 7:
Арсовска, М. (2023). Улога на менаџментот во користење на маркетинг стратегиите на локалните заедници [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Арсовска, М., 2023. Улога на менаџментот во користење на маркетинг стратегиите на локалните заедници. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Менаџирање на промените е макотрпен, понекогаш и парализирачки процес но
неопходен во овие турбулентни времиња каде што е неопходно секојдневно да
се следат економските процеси во самата компанија и надвор од неа.
Меѓусебната поврзаност и взаемната условеност на менаџирање со промените
и деловната стратегија се во голема меѓусебна корелација. За да се согледа оваа
меѓусебна поврзаност која е предмет на овој магистерски труд, неопходно е да
се разбере: природата на менаџирање со промените, концептот процесот и
различните пристапи на деловната стратегија, корпоративното управување,
културата, политиката и организациските промени кои се случуваат во секоја
компанија.
Секоја успешна маркетинг стратегија мора да има за крајна цел да се зголеми
профитабилноста и економските индикатори кои несомнено треба да се движат
во нагорна линија и истите треба да бидат постојано предмет на интерес на
менаџментот на компаниите.
Постојат многу класификации на видот на промените, но тие најчесто се
насочени кон промени во технолошкиот развој, структурни промени и промени
насочени кон луѓето. Досегашното искуство кое што е присутно во литературата
која беше достапна упатува дека онаа компанија која што ќе успее да навреме
ги согледа и се преструктуира на промените во и надвор од компанијата ќе
успее и успешно да опстои на економскиот пазар. Сосема очекувано е да се
јавува отпор кон промените од страна на вработените, посебно од оние кои
имаат добро работно место и се чувствуваат сигурни во стариот систем на
организациска поставеност.
Истражувањата на оваа тема покажуваат дека околу 90% од вработените имаат
неутрален став кон она што значи ново во компанијата, а додека оние кои се
гласно се против новите програми се околу 5% од вработените. Објаснувањето
за ова однесување произлегува од фактот дека вработените се плашат од
новите идеи, раководителите исто така се против промените бидејќи немаат
јасна визија за она што следи во наредниот период. За таа цел, а во функција
успешно да се реализираат новите поставени задачи, неопходно е да се зголеми
едукацијата на вработените и да се подобри комуникацијата во двата правци од
топ менаџерите кон најниското ниво и од најниското ниво кон менаџерите.

Keywords:

Маркетинг заедници, стратегии, менаџмент