Трговијата со луѓе – посебен осврт врз трговија со малолетни лица

Citation APA 7:
Дејаноска, С. (2020). Трговијата со луѓе – посебен осврт врз трговија со малолетни лица [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Дејаноска, С., 2020. Трговијата со луѓе – посебен осврт врз трговија со малолетни лица. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

30.09.2020

Citation APA 7:
Дејаноска, С. (2020). Трговијата со луѓе – посебен осврт врз трговија со малолетни лица [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Дејаноска, С., 2020. Трговијата со луѓе – посебен осврт врз трговија со малолетни лица. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.

Abstract

Големите цивилизациски достигнувања во спрега со технолошкиот развој
во животот на човекот придонесоа за хуманизација на меѓучовечките односи.
Имаме сè поголемата афирмација на заштитата на правата и слободите на
човекот. Дојде до продлабочување на слободата на луѓето, надминување на
“примитивните” табуа и патријархални сфаќања во секој поглед на единката.
Целокупниот развој на општеството се чини во името на човекот. Севкупниот
напредок именуван како “глобализација”, не води во насока на ослободување на
личноста, создавање на материјална благосостојба, повисок степен на безбедност
и сигурност.
Сепак, општеството само по себе никогаш не познавало ниту пак некогаш ќе
познава еднонасочен прогрес. Ваквите промени и движења носат позитивни
резултати со нивното имплементирање во општеството, меѓутоа оставаат и
негативни последици манифестирани преку социопатолошките појави,
девијациите и криминалитетот. Либерализацијата на сфаќањата и односите,
ослободувањето од табуата, од стегите на примитивизмот и традиционалноста
исто така доведе до рапиден пораст на криминалот како социопатолошка појава,
која нужно ја стимулира и појавата на криминалитетот – трговија со луѓе. Сепак,
од круциелно значење е тоа што со етапниот, но брз, развој на општеството, доаѓа
и до обременување на она што значи трговија со луѓе воопшто, но и трговија со
деца и што претставува истата.
Општиот пристап кон организираниот криминал, кој пак е во најтесна
врска со трговијата со деца, само ги отвори сложените научни и теоретски
проблеми со кои се среќава современата криминологија како наука за
криминалитетот кога е во прашање организираниот криминал.
Тезата дека организираниот криминал, неговата распространетост,
неговите облици и структури што се јавуваат како негови носители се најдобри
6
показатели за состојбите во даденото општество. Нема период од развојот на
човековото општество, во кое непостоел организиран криминалитет.

Keywords:

трговгија, малолетни лица.