
Трговијата со луѓе како дел од организираниот криминал
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 11.07.2025 |
Abstract
Овој магистерски труд претставува сеопфатна анализа на трговијата со луѓе
како составен дел од организираниот криминал, со посебен фокус на нејзините
правни, институционални и социо-економски аспекти. Истражувањето се заснова
пред се на правен пристап кој ги опфаќа историските корени на феноменот,
неговите современи манифестации, како и комплексната меѓународна и
национална регулатива што ја уредува оваа појава. Во рамките на трудот е
извршена детална теоретска и нормативна елаборација на поимот, преку осврт на
меѓународни инструменти, како и на домашната правна рамка во Република
Северна Македонија. Особено внимание е посветено на функционирањето на
институциите, нивната улога и капацитет во борбата против трговијата со луѓе,
вклучително и специјализираните тела и механизми на превенција и санкција.
Преку анализа на судска пракса, студии на случаи и компаративни примери
од европски држави како Италија, Норвешка, Русија, Шпанија и Холандија, трудот
настојува да ги прикаже моделите на организирано делување кои ја одржуваат
трговијата со луѓе како профитабилен и ниско ризичен криминален бизнис.
Додадена е и прецизна разработка на улогата на меѓународни и локални невладини
организации, нивниот придонес во поддршката на жртвите и создавањето јавни
политики.
Во последниот дел е вклучена и анализа на релевантната судска практика на
Европскиот суд за човекови права во контекст на член 4 од Европската конвенција
за човекови права, со осврт на прашања поврзани со експлоатација, заштита и
одговорност на државите. Истражувањето завршува со методолошка рамка,
резултати, анализа на хипотези и препораки за унапредување на борбата против
трговијата со луѓе.
Keywords:
експлоатација, институции, организиран криминал, трговија
со луѓе.
