
Транснационален организиран криминал и неговата поврзаност со тероризмот
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 1.2.2024 13:00 |
| Last Modified | 1.2.2024 13:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Дениз,А.,2024, Наследност на правото на надоместок на нематеријална штета |
Abstract
Транснационалниот организиран криминал се манифестира преку разни облици на криминално делување, барајќи соодветни услови за свој опстанок, експанзија и што поголемо присуство во меѓународни размери. Неговата актуелност посебно доаѓа до израз во услови на економски развиени и од друга страна неразвиени земји, во процеси на транзиција преку кои поминувале и поминуваат многу земји од Источна и Централна Европа и глобализацијата како интеграционен процес на меѓународни односи кои го обединуваат светскиот пазар на капитал и технологија. Настојувајќи да опстане и да се развива, транснационалниот организиран криминал наоѓа соодветни форми за сопствена заштита и уживање на поединечни привилегии и тоа преку примена на сила, заплашување и воспоставување на криминални врски со државата, нејзините органи и политички структури. Притоа се служи со корупција, изнуда, уцена, заплашување и други недозволени средства. Така зајакнат, транснационалниот организиран криминал ја загрозува безбедноста на некоја поединечна држава, регион и меѓународната заедница, напаѓајќи ги нејзините витални вредности и интереси.
