Транснационален организиран криминал и неговата поврзаност со тероризмот

Citation APA 7:
Али, Д. (2023). Транснационален организиран криминал и неговата поврзаност со тероризмот [Магистерски труд]. МСУ.

Citation Harvard:
Али, Д. (2023) Транснационален организиран криминал и неговата поврзаност со тероризмот. Магистерски труд. Свети Николе: МСУ.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

01.02.2024

Citation APA 7:
Али, Д. (2023). Транснационален организиран криминал и неговата поврзаност со тероризмот [Магистерски труд]. МСУ.

Citation Harvard:
Али, Д. (2023) Транснационален организиран криминал и неговата поврзаност со тероризмот. Магистерски труд. Свети Николе: МСУ.

Abstract

Транснационалниот организиран криминал се манифестира преку разни облици на
криминално делување, барајќи соодветни услови за свој опстанок, експанзија и што
поголемо присуство во меѓународни размери. Неговата актуелност посебно доаѓа до израз
во услови на економски развиени и од друга страна неразвиени земји, во процеси на
транзиција преку кои поминувале и поминуваат многу земји од Источна и Централна
Европа и глобализацијата како интеграционен процес на меѓународни односи кои го
обединуваат светскиот пазар на капитал и технологија. Настојувајќи да опстане и да се
развива, транснационалниот организиран криминал наоѓа соодветни форми за сопствена
заштита и уживање на поединечни привилегии и тоа преку примена на сила, заплашување
и воспоставување на криминални врски со државата, нејзините органи и политички
структури. Притоа се служи со корупција, изнуда, уцена, заплашување и други
недозволени средства. Така зајакнат, транснационалниот организиран криминал ја
загрозува безбедноста на некоја поединечна држава, регион и меѓународната заедница, напаѓајќи ги нејзините витални вредности и интереси.

Keywords:

криминал, дело, организација, трговија, дрога.