
Термоелектрани на природен гас – заштита на природната околина
Citation APA 7:
Хајредин, У. (2023). Термоелектрани на природен гас – заштита на природната околина [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Хајредин, У., 2023. Термоелектрани на природен гас – заштита на природната околина. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Термоелектрани на природен гас – заштита на природната околина |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
| Divisions | |
| Date Deposited | 31.05.2023 |
Citation APA 7:
Хајредин, У. (2023). Термоелектрани на природен гас – заштита на природната околина [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Хајредин, У., 2023. Термоелектрани на природен гас – заштита на природната околина. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Користењето на природниот гас како единствено гориво за производство на
електрична и топлинска енергија придонесува за значително намалување на
емисиите загадувачки материи во воздухот: емисиите на SO2 се елиминирани, додека
емисиите на CO2 се значително намалени во споредба со конвенционалните
термоелектрани на јаглен. Гасната турбина вклучува најнова технологија на EV
(еколошки) горилници кои се дизајнирани да обезбедат висока ефикасност на
горивото и ниски емисии на азотни оксиди (NOx). Емисиите на PM честички и
прашина се елиминирани.
Сите отпадни води и од електраната се собираат и се третираат во
пречистителна станица со што се минимизира влијанието врз животната средина и
се задоволуваат еколошките барања за квалитет на отпадните води. На овој начин се
осигурува дека емисиите на отпадни води во реципиентот ги задоволуваат строгите
национални законски гранични вредности на емисија.
Користењето на ладилни кули од хибриден тип наместо конвенционални
ладилни кули е еколошки поповолно бидејќи се намалува употребата на вода за
ладење и се елиминира појавата на магла која би се добила со испарување на вода за
ладење од конвенционални ладилни кули.
Управувањето со отпадот се одвива согласно барањата од соодветната
законска регулатива. Компанијата поседува лиценциран Управител со отпад.
ТЕ-ТО АД е одличен пример за применета еколошка технологија, при што
придонесува за издржлив развој и привлекување на дополнителни странски
инвестиции во енергетскиот сектор во Република Северна Македонија.
Keywords:
енергија, животна средина, технологија, развој.
