Стресот и нивото на стрес кај студентите на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје

Citation APA 7:
Младеновски, Д. (2020). Стресот и нивото на стрес кај студентите на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Младеновски, Д., 2020. Стресот и нивото на стрес кај студентите на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

29.12.2020

Citation APA 7:
Младеновски, Д. (2020). Стресот и нивото на стрес кај студентите на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Младеновски, Д., 2020. Стресот и нивото на стрес кај студентите на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Студирањето, како извор на стрес, може да има последици врз менталното,
физичкото и психичкото здравје на една личност и овие последици можат да имаат
долгорочен ефект. Успехот во справувањето со предизвиците на студентскиот живот е
поврзано со многу фактори: зрелост, црти на личност, социјална поддршка, услови за
живеење и веќе усвоени стратегии за справување со стресот. Стресот е појава којашто
во денешното време сѐ повеќе се појавува кај сè поголем број на луѓе, а со тоа и кај
студентите, поради што се неопходни мерки за негово препознавање и навремено
воочување. Мерките за препознавање на стресот честопати се применуваат во
зависност од бројот на луѓе што веруваат дека се изложени на потенцијален ризик од
изложеност на стресови.
Во теоретскиот дел од магистерскиот труд ќе се обидеме да го дефинираме
стресот, нивото на стрес и методите за соочување со стресот, преку достапната
домашна и странска стручна литература од оваа област. Потоа ќе ги наведеме видовите
на стрес, како и реакциите предизвикани од стресот кај поединците (како што се:
физиолошките реакции, психичките реакции и промените во однесувањето). Во
останатиот дел и понатамошниот текст од магистерскиот труд ќе го објасниме и
анализираме стресот кој се јавува кај студентите и причините, т.е. факторите кои го
предизвикуваат.
Преку спроведеното истражување, со помош на анкетен прашалник за стресот,
кој ќе биде составен исклучиво за потребите на ова истражување, ќе се потрудиме да
го утврдиме нивото на стрес кај студентите на Воената академија „Генерал Михајло
Апостолски“ – Скопје, од прва и втора година на додипломски студии, а исто така и да
го споредиме нивото на стрес кај истите студенти.

Keywords:

стрес, студенти, животни промени, стресни настани.