Стил на приврзување, самодоверба и бес кај деца со родителска грижа и деца без родителска грижа

Citation APA 7:
Тасевски, Д. (2021). Стил на приврзување, самодоверба и бес кај деца со родителска грижа и деца без родителска грижа [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Тасевски, Д., 2021. Стил на приврзување, самодоверба и бес кај деца со родителска грижа и деца без родителска грижа. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

29.09.2021

Citation APA 7:
Тасевски, Д. (2021). Стил на приврзување, самодоверба и бес кај деца со родителска грижа и деца без родителска грижа [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Тасевски, Д., 2021. Стил на приврзување, самодоверба и бес кај деца со родителска грижа и деца без родителска грижа. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Стилот на приврзување е развојно-психолошки феномен кој во себе
спојува еволуциона, биолошка и социјална основа за развојот на детето. Истиот е
еден од најзначајните поими во психологијата, актуелен од почетоците на
неговото создавање до денес. Меѓу другото, претставува важен фактор за
формирањето на личноста и нејзините релации, кои пак, во голема мера, го
определуваат здравјето и среќата кај луѓето (Waldinger, 2002). Теоријата на
приврзување е развиена од страна на Болби (Bowlby, 1951, 1953, 1988) и е
надградена од страна на Мери Еинсфорт (Bretherton, 1992). Според нив,
приврзаноста е всушност длабока и трајна емоционална врска со друга личност
низ времето и просторот (Ainsworth, 1973). Стилот на приврзување кое детето ќе
го развие со примарниот негувател, во голема мера го одредува и неговиот
социјален и емоционален развој и регулација.
Во психологијата, самодовербата претставува исто така значаен аспект кој
значајно се поврзува со квалитетот на психолошкото функционирање на личноста
и значајно корелира со многу други психолошки феномени. Во општа смисла, таа
означува збир на позитивни и/или негативни проценки за себе. Самодовербата
значајно се поврзува со успехот, квалитетот на односите со другите, среќата и
општата психоемоционална добросостојба. Досегашните истражувања,
сугерираат постоење на позитивна корелација меѓу самодовербата и сигурниот
стил на приврзување, како и негативна корелација со бесот и агресијата. Освен
тоа, пронајдена е значајна врска меѓу самодовербата и менталното здравје. Сето
ова, ја прави оваа појава значајна за дополнителни истражувања, применети на
различни испитанички групи, кои би дале простор за дискусии, но и можност на
развој на импликации за третман за проблеми во психолошкото функционирање
кои се поврзани со самодовербата.

Keywords:

самодоверба, деца, родителска грижа.