
Спроведувањето на планот на менаџмент на промени за подобрување на перформансите на тимот
Citation APA 7:
Иванов, Т. (2025). Спроведувањето на планот на менаџмент на промени за подобрување на перформансите на тимот [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Иванов, Т., 2025. Спроведувањето на планот на менаџмент на промени за подобрување на перформансите на тимот. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Спроведувањето на планот на менаџмент на промени за подобрување на перформансите на тимот |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 30.1.2026 |
Citation APA 7:
Иванов, Т. (2025). Спроведувањето на планот на менаџмент на промени за подобрување на перформансите на тимот [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Иванов, Т., 2025. Спроведувањето на планот на менаџмент на промени за подобрување на перформансите на тимот. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Денес, постојано сме опкружени со технолошки достигнувања, еволуирачки
општествени норми, и најважно од сè, со динамични глобални трансформации.
Прилагодувањето кон овие промени е од суштинско значење, не само за опстанок,
туку и за раст и развој.
„Да се подобриш значи да се промениш, да бидеш совршен значи често да се
менуваш.“ Тоа е цитат од Винстон Черчил со кој се доловува суштината на
постојаното подобрување, односно се нагласува важноста на прифаќањето на
промените и неуморната потрага по совршенство, бидејќи совршенството не е
дестинација, туку континуирано патување.
Оваа студија расчленува 10-месечен план за управување со промени за да ги
подобри ниските перформанси на тимот, што е клучен фактор кој влијае на
организациската ефикасност, профитабилност и успех. Ефективното управување со
промени поттикнува отворена комуникација, професионален раст и развој на
вештини, преку ангажирање на вработените и лидерите во поддржувачка работна
средина. Студијата ги интегрира теориите за управување со промени, лидерство и
организациско учење во мултидимензионална рамка, истражувајќи ја врската
помеѓу стратешкото планирање, ефикасноста на лидерството и учењето. Преку
увиди од засегнатите страни, тематска анализа и синтеза на содржината, студијата
ги истакнува предизвиците за имплементација и нуди практични препораки.
Од студијата произлегоа шест клучни теми, вклучувајќи неусогласеност на
лидерството, менаџерска поддршка и организациска култура. Наодите покажуваат
дека неусогласеноста на менаџерската поддршка и неконзистентното лидерство
значително ја поткопуваат ефикасноста на иницијативите за промени, додека пак
организациската култура делува како постојана бариера. Дополнителните пречки,
вклучувајќи ја организациската тишина и нееднаквата имплементација,
дополнително ја комплицираат трансформацијата. Научените лекции ја истакнуваат
важноста на усогласувањето на лидерството, транспарентната комуникација,
статешкото планирање и континуираното следење на промените. Овие сознанија
нудат практични насоки за организациите кои се стремат ефикасно да управуваат со
промените.
Keywords:
управување со промени, тимски перформанси, организациска
ефикасност, ангажираност на вработените, лидерство, промени, организациско
учење.
