
Современи трендови на дигитализацијата и маркетингот со посебен акцент на банкарскиот сектор и нивното влияние врз профитабилноста на банките
Citation APA 7:
Гроздановска, К. (2020). Современи трендови на дигитализацијата и маркетингот со посебен акцент на банкарскиот сектор и нивното влияние врз профитабилноста на банките [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Гроздановска, К., 2020. Современи трендови на дигитализацијата и маркетингот со посебен акцент на банкарскиот сектор и нивното влияние врз профитабилноста на банките. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 11.07.2020 |
Citation APA 7:
Гроздановска, К. (2020). Современи трендови на дигитализацијата и маркетингот со посебен акцент на банкарскиот сектор и нивното влияние врз профитабилноста на банките [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Гроздановска, К., 2020. Современи трендови на дигитализацијата и маркетингот со посебен акцент на банкарскиот сектор и нивното влияние врз профитабилноста на банките. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија.
Abstract
Банкарскиот свет во 21 век е под големо влијание на брзите технолошки
промени и растечката конкуренција. Маркетингот и различните канали на промоција и
известување како и бројните социјални медиуми имаат значително влијание врз
успешноста на привлекување и задржување на клиентите како и задоволувањето на
нивните потреби, продажбите, развојот на финансиските услуги како и освојување на
големите финансиски пазари.
Дигитализацијата е процес кој на банките им овозможува да ја зголемат нивната
конкурентска предност, да ги намалат нивните трошоци, да ги задоволат потребите на
потрошувачите поефикасно со дигитализирани услуги и воведување на напредни
технолошки решенија, искористувајќи ги нивните предности кои ги нудат.
Клиентите/граѓаните денес имаат можност да ги користат услугите на електронското
банкарство, како пристап до трансакциските сметки 24/7, намалени провизии, брз и
лесен трансфер на пари, плаќање на производи, услуги итн. Исто така тука се и онлајн
продавниците преку кои можат да се купат најразлични производи и услуги. При овие
процеси, се обезбедува сигурност и заштита на личните податоци и сигурност на
трансферите. Mаркетингот и дигитализацијата, со соодветна комбинација на своите
алатки и добро изградена стратегија, можат да обезбедат висока конкурентска
предност, да изградат силен и препознатлив бренд, да ги зголемат ефикасноста и
профитабилноста на банките, и секако да овозможат задоволството на клиентите да
биде на што повисоко ниво.
Финансиските институции денес се соочуваат со се поголемиот број на финтек
компании кои нудат финансиски услуги кои се повеќе стануваат конкуренција на
финансиските услуги , што значи дека банките како дел од овие институции, мора да
бидат во чекор со развојот на новите технологии и новитетите на пазарот за да можат
да ја одржат својата позиција на истиот
Keywords:
дигитализација, технологија, промени, маркетинг,
иновации, стратегија, конкуренција, електронско банкарство, трошоси,
профитабилност, бренд, платежни сиситеми, финтек компании, сигурност
