
Современи методи во управувањето со човечки ресурси
Citation APA 7:
Карова, С. (2021). Современи методи во управувањето со човечки ресурси [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Карова, С., 2021. Современи методи во управувањето со човечки ресурси. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 16.04.2021 |
Citation APA 7:
Карова, С. (2021). Современи методи во управувањето со човечки ресурси [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Карова, С., 2021. Современи методи во управувањето со човечки ресурси. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Денес, кога општествените предизвици се поинакви од било кога претходно
во човековата историја, секој сегмент од социјалниот и општествениот живот се
менува со темпо и во насока која ниедна научна дисциплина ја нема предвидено и
опишано. Особено сега, во фокусот е здравјето и благосостојбата на поединецот,
како средиште на општеството, нешто што во последните години со фокусирање
на финансиските придобивки како да беше оставено настрана.
Терминот „човечки ресурси“ ги опишува луѓето кои ја сочинуваат работната
сила во една индустрија, компанија или организација, но и најопшто држава или
генерација.
Во деловниот свет, под терминот човечки ресурси најчесто се подразбира
организационата единица во компанијата, која е одговорна за регрутирање, обука
на вработени, развој на политики на и за работното место, администрирање на
придобивките од вработените, мотивирање на вработените да останат во
организацијата, но и правно регулирање на сите овие сегменти. Најопшто кажано,
„човечки ресурси“ со други зборови значи создавање и негување на односите
работодавач – вработен.
Кој ги претставува човечките ресурси? Човечки ресурс е личност (човек)
вработен во организација или некој кој активно бара вработување на пазарот на
трудот.
Вработените претставуваат незаменливи ресурси што ги унапредуваат
целите на компанијата преку обезбедување работна сила. Човечките ресурси се
однесуваат на сите вработени во една организација.
Keywords:
методи, ресурси.
