
Социјалните медиуми, сексуализацијата на телото и полот како предиктори на телесната слика кај адолесцентите
Citation APA 7:
Бебекоска, М. (2025). Социјалните медиуми, сексуализацијата на телото и полот како предиктори на телесната слика кај адолесцентите [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Бебекоска, М., 2025. Социјалните медиуми, сексуализацијата на телото и полот како предиктори на телесната слика кај адолесцентите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 18.2.2026 |
Citation APA 7:
Бебекоска, М. (2025). Социјалните медиуми, сексуализацијата на телото и полот како предиктори на телесната слика кај адолесцентите [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Бебекоска, М., 2025. Социјалните медиуми, сексуализацијата на телото и полот како предиктори на телесната слика кај адолесцентите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Во последните години, социјалните медиуми се наметнаа како доминантен канал на
комуникација и самоизразување кај младите, но истовремено претставуваат значаен ризик
фактор за нарушување на телесната слика и психолошката благосостојба на адолесцентите.
Овој труд има за цел да го истражи предиктивниот однос на социјалните медиуми,
сексуализацијата и полот врз формирањето на телесната слика кај адолесцентите. Преку
теоретски преглед и анализа на релевантни меѓународни истражувања, се разгледува
начинот на кој интензитетот и содржината на користење на социјалните мрежи,
изложеноста на сексуализирани медиумски пораки и споредбата со идеализирани
стандарди за убавина влијаат врз перцепцијата и задоволството од сопствениот изглед.
Прегледот на истражувањата укажува дека поголемата изложеност на медиумски и
онлајн содржини кои промовираат тесно дефинирани стандарди за физички изглед е
поврзана со повисоки нивоа на незадоволство од телото и пониска самодоверба кај младите.
Дополнително, резултатите покажуваат дека полот претставува значаен модерирачки
фактор, поточно девојките почесто ги интернализираат овие стандарди и покажуваат
поголема чувствителност кон телесните и емоционалните последици од ваквите влијанија.
Овие наоди ја нагласуваат потребата од развивање на образовни и превентивни
програми кои ќе поттикнуваат медиумска писменост, родова еднаквост и психолошка
отпорност кај адолесцентите, со цел унапредување на нивната ментална и емоционална
благосостојба.
Keywords:
оцијални медиуми, сексуализација, пол, телесна слика, адолесценти,
психолошко здравје
